1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

“Илјада жени за Нобелова награда за мир„

Јоаким Шуберт Анкенбауер6 октомври 2005

На листата на фаворитите за Нобелова Награда за мир и една швајцарска иницијатива

Бегалски камп
Бегалски кампФотографија: AP

За иницијативата се говори како да не е само швајцарска – толку многу е таа раширена во целиот свет. Но, идејата ја добила и ја спровела навистина една Швајцарка: Рут-Габи Вермот-Манголд е нејзиното полно име. 64 годишната Швајцарка, социјалдемократ, пратеник во швајцарскиот парламент и член на Советот на Европа вели дека импулс и дала работата за добро на бегалците и за човековите права: “Без гласноговорник за Јужен Кавказ, бев портпарол за прашања на Балканот. Значи постојано патував таму. Посетував жени во бегалските кампови. Мажите беа обесхрабрени. Храбри беа секогаш жените. Тие не гледаа на сопствената безбедност и не чекаа на сопственото преживување. Тие бараа што можат да сторат за да преживеат. “

Така настанало здружение и мало биро со две менаџерки од кои потоа се развива светска мрежа составена претежно до жени. Целта гласи – наместо повторно еден маж, Нобеловата награда за мир да ја добијат 1000 жени. Бројот илјада постојано предизвикува полемика – дали толку вреди еден маж? Вермот-Манголд одговара:

“Тоа е симболично. Тоа не значи квантитет што сакаме да го покажеме, тоа едноставно е поглед врз овие жени. Жени за кои не се говори. Се говори за некакви кралици на мир кои патуваат во светот, но кои практично не се кај луѓето. Јас сакам светот да погледне врз овие илјада жени кои се претставници на сите жени во светот во нивните сопстени села, во нивните региони. “

Да се бориш за мир за членките на организацијата значи не само да се бориш против војна, туку и да се бориш за образование, здравство, чиста вода за пиење, против дискриминација, страв и насилство. Организацијата, во соработка со други организации од 150 земји избрала илјада жени кои се залагаат за мир од овој вид – колку поконкретно и поблиско до луѓето, толку подобро. Некои жени не можеле да бидат номинирани затоа што тоа би ги довело во опасност, за други,пак е предоцна. Судбини што и ден-денеска за Вермот –Манголд се трогателни: “Во Чеченија сретнав млада девојка, имаше 14 години, која секое утро ги собираше децата и ги подучуваше. Таа ми рече – знаеш, ако во Чеченија дојде мир, а децата се глупави, тогаш повторно ќе почнат војна кога ќе пораснат. Оваа девојка е убиена, таа веќе не е меѓу живите.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми