1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Илјадници на протести против „омразата во Бундестагот“

23 октомври 2017

Два дена пред конститутивната седница на Бундестагот, илјадници демонстранти во неделата ја повикаа германската влада да не ја толерира десничарската омраза. Пораката е насочена кон десничарската АФД.

Deutschland Demonstration gegen Einzug der AfD in den Bundestag
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Carstensen

Во вторник (24.10), деснорадикална партија за првпат ќе влезе во германскиот парламент по речиси 70 години. Тоа беше доволна причина за околу 10 илјади демонстранти да се соберат пред Бранденбуршката порта во Берлин и гласно да го изразат своето незадоволство. Иако официјалното мото на настанот, „Против расизмот и омразата во Бундестагот“, не ја споменуваше директно АфД, од транспарентите на учесниците јасно се гледаше против кого е насочен нивниот протест: „Моето срце чука за разноликост“, „Горна граница? Се разбира! За нацисти!“, „Не за АфД“.

АфД освои 12,6 проценти од гласовите на парламентарните избори во септември годинава, и со тоа стана трета најсилна во парламентот. Својата популарност АфД ја гради врз омраза кон бегалците, ширењето страв дека Германија се исламизира, и дека мигрантите се опасност за законот и поредокот во земјата.
„Го прочитав Уставот и шокиран сум од тоа што некои политичари, особено од АфД, го пропагираат“, рече еден од организаторите на протестот, Али Џан. „И политичарите на АфД можат да бидат жртви на предрасуди. Ние се бориме против расизмот и омразата генерално, без оглед од каде доаѓа и против кого е насочена“. Чан точно знае за што зборува. Овој 23-годишник и самиот бил бегалец. Џан, чие турско-курдско семејство избегало од југоисточна Турција во Германија кога имал две години, има малку необичен став меѓу мултикултурните активисти. Тој, имено, бара дијалог со луѓето на кои им се спротивставува.
Луѓето кои се собраа во неделата беа пример за разноликоста на германското општество. Дел од демонстрантите имаа имиграциско потекло, други беа дојдени за да ја искажат својата солидарност или поради чувството на одговорност поради нацистичкото минато на земјата.

Берлин на нозе против расизмот

01:35

This browser does not support the video element.

Фотографија: Reuters/A. Schmidt
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми