1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Илјадници ѓуленисти уапсени во Турција

БГ
26 април 2017

Турските власти денеска уапсија повеќе од илјада наводни поддржувачи на свештеникот Фетулах Ѓулен, во најголемата оперција по победата на претседателот Ердоган на референдумот за уставните промени

Türkei Festnahmen von mehr als tausend Gülen Anhängern NEU
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/O. Duzgun

Рациите започнале од рани зори, а се трагало по преку три илјади осомничени, само една недела откако Реџеп Таип Ердоган извојува тесна победа на референдумот за контроверзните измени на Уставот со кои се воведува претседателски систем. Тие се последната индиција дека турските власти немаат намера да запрат во борбата против наводните непријатели на државата.
Досега се уапсени 1,013 осомничени во сите 81 турски провинции. Се барале вкупно 4,672 осомничени, но со оглед дека 1,448 веќе се во затвор, биле издадени налози за апсење на вкупно 3,224 луѓе.

Турските власти го обвинуваат Ѓулен дека го испланирал неуспешниот воен пуч во јули 2016 година со цел да го симне од власт Ердоган, но тој ги отфрла обвинувањата.
Околу 8,500 полицајци биле ангажирани во рациите на територијата на целата земја. Најавувајќи дека бројката на уапсени може да расте, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече дека рациите продолжуваат.

„Тоа е важен чекор за турската република“, рече тој.
Во деветмесечната вонредна состојба воспоставена по пучот уапсени се околу 47 илјади луѓе. Турскиот парламент ја продолжи вонредната состојба за уште три месеци во пресрет на референдумот.

Весникот Хуријет јавува дека се издадени налози за апсење на околу 7 илјади луѓе во земјата. Осомничени се ткн. „тајни имами“ на Ѓулен кои се сомничат за тајна инфилтрација во полицијата или во државните институции, пишува Хуријет.

Аналитичарите предвидуваа дека по референдумот, Ердоган ќе треба да избере меѓу курс на натамошна конфронтација или помирување во длабоко поделената земја.
Во исто време, утрово, турски воени авиони нападнаа позиции на Курдите во Сирија и Ирак, предизвикувајќи критики од САД.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми