Имаме ли ние наше „Можеме“ за претстојните локални избори?
Ида Протугер Вељковиќ
5 јуни 2021
Победи идејата. Вака во два збора би го опишала резултатот од градоначалничката трка во Загреб, во која зелено-левичарската коалиција „Можеме“ ја освои довербата на мнозинството граѓани на хрватската престолнина.
Реклама
Може да се каже дека тоа беше победа на Томислав Томашевиќ над Мирослав Шкоро. Но нема да е точниот опис. Може да се каже и дека е тоа победа на мотивирачкиот слоган „Можеме" над националниот наратив на десничарската „Татковина". Но и тоа нема да е прецизниот опис. Не мислам ниту дека пресудна била програмата или предизборните ветувања.
Тоа беше победа на одредена идеја која се потпира на вредности, што носителите на „Можеме" успеаја да ги искомуницираат со граѓаните на Загреб. Од друга страна, гласачите да ги препознаат нивните интереси токму во таа идеја и тие вредности.
Клучен предизвик за Загреб и за Хрватска е во какви проекти реално ќе се преточи оваа победа? Дали Хрватска ќе направи цивилизациски чекор напред, од его-систем кон еко-систем?
Вредности
Двата збора кои се заеднички именител на идејата зад која застана Загреб се: вредности и синергија.
Постои една теорија на наративен идентитет која претпоставува дека луѓето го градат сопствениот идентитет преку интегрирање на личните искуства во една развојна приказна која на поединецот му дава смисла на неговиот живот.
Таа приказна се состои од искуствата на кои личноста се сеќава (минатото), перцепираната сегашност и замислената иднина. Во таа приказна се вткаени вредностите кои таа личност ги интернализирала и ги комуницира свесно или несвесно.
Читајќи го животниот пат на Томашевиќ, еколошките вредности се дел од неговиот идентитет. Изборот за меден месец со неговата сопруга е Тибет и планинските врвови. Не одбрал луксуз. Од 16 години бил еко-активист и учествувал на протести за зачувување на животната средина. Не само што ги промовира еколошките вредности, туку и делува, се бори за нив.
„Отсекогаш ме погодувале неправдите, чувствував емпатија кон луѓето на кои им е тешко и сметав дека ми е должност лошите работи да ги менувам со директна акција. И тоа ми стана начин на живот“, е неговата изјава пренесена од медиумите.
Таквото негово „брендирање" не било во насока да ги освои изборите во Загреб. Тие вредности кои се негов „заштитен знак" го споиле со други слични приказни („Можеме") и таа синергија на идеи кои се потпираат на заеднички вредности наишла на „партнер" кој ги препознал и дал прилика да се преточат во конкретни проекти. Тоа се граѓаните на Загреб кој на „Можеме" ѝ дадоа моќ.
Оваа приказна за триумфот на „Можеме" е интересна за Македонија од два аспекта.
Првиот е дека на балканскиот простор почнува полека да се црпи моќта од вредностите што ги поседува една личност, наместо од „брендот" на партијата.
Вториот е дека се менува начинот на комуникација на тој личен бренд на вредности.
Дигитализацијата и социјалните мрежи го проширија изборот на канали на комуникација и на тој начин претставувањето на идеи, програми, престанува да биде ексклузивно право на политичките партии кои имаат доволно пари да купат нечиј „имиџ" од маркетинг индустријата.
Форматанаспротисуштината
Како одеше досега изборот на кадри за функции во Македонија, што е важна алка во синџирот кој треба да води кон промени за подобар живот на сите?
Партијата на затворени состаноци и сесии одлучува за тоа кои кадри ќе ја претставуваат, најчесто земајќи го предвид теснопартискиот интерес.
Праксата покажува дека тој интерес се состои во она што партијата сака да го земе од граѓаните во вид на ресурси (буџет, моќ да се креира „легална" рамка и правила на игра), наместо да испорача идеи и визија преточена во проекти.
Потоа за кадрите кои ќе ги одбере најмува маркетинг експерти кои ќе им подготват „имиџ". Потоа на тие кадри останува да испорачаат ветувања во кампањата.
Партиските програми се најчесто документ кој треба да даде некаква форма на комуникација со граѓаните.
Документ кој е испразнет од суштина и вистинска волја да се променат работите.
Ако ќе добие доверба врз основа на тие ветувања, партијата потоа ја ползува моќта што ѝ ја дале граѓаните, ги користи ресурсите, а испорачува оправдувања (противникот е виновен, околностите) и најчесто мноштво афери.
Резултатот до сега, со ретки исклучоци се разочарани граѓани и изневерена доверба.
На другата страна се граѓаните кои со исклучок на Шарената револуција, на некој начин го прифаќаа тој начин на комуникација. Се чувствуваа немоќни да го променат тој начин на управување и апатично се приклонуваа кон една или друга партија, со книшка или поддршка, за да може барем да се доближат до ресурсите кога тие и така не се користат за суштинско подобрување на квалитетот на живот.
Како #Протестирам прерасна во #ШаренаРеволуција
Протестот кој започна по убиството на Мартин Нешковски на изборната ноќ во 2011 година, и подоцна прерасна во движење под името #Протестирам, деновиве еволуираше во ткн. Шарена Револуција во Македонија.
Фотографија: BIRN/Prizma
„Стоп за полициската бруталност“
На 10 јуни 2011 години стотици млади луѓе излегоа на улиците на Скопје да протестираат против полициската бруталност, откако по неколкудневен молк од полицијата, беше откриена вистинската позадина за убиството на 22-годишниот Мартин Нешковски.
Фотографија: AP
Студентски протести
Во ноември 2014 година започнаа големите студентски протести испровоцирани од воведувањето екстерно тестирање од страна на Министерството за образование.
Фотографија: AFP/Getty Images/R. Atanasovski
#ПоздравПленумци
Во февруари 2015 година студентите започнаа со ткн. окупација на факултетите. Незадоволството, покрај на улиците, засилено се изразуваше и во зградите на УКИМ во Скопје и други градови.
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Нов замав во 2015
Протестите се вратија на улиците на Скопје со уште поголем интензитет во мај 2015 година, откако опозицијата објави дел од прислушуваните разговори во кои можеше да се слушне како владини функционери го прикриваат убиството на Нешковски.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Жестоки судири со полицијата
Граѓанските протести доведоа и до жестоки судири со полицијата. Повеќе полицајци беа повредени, а десетици демонстранти беа приведени од полицијата. Отпорот го загуби интензитетот по крвавата пресметка со терористичката група во Куманово на 9 и 10 мај во која животите ги загубија 8 припадници на МВР.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Опозициски протест
На 17 мај 2015 година опозицијата предводена од СДСМ организираше голем протест пред платото на Владата во Скопје. Протестот беше поддржан и од повеќе студентски и граѓански организации кои дотогаш демонстрираа по разни поводи, како и од неколку албански партии.
Фотографија: Reuters/M. Djurica
Контра-протести
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати возврати на опозициските и граѓанските протести со контра-протести. Најмасовниот се одржа во Скопје на 18 мај 2015 година.
Фотографија: picture-alliance/epa/G. Licovski
Против Уставниот суд
Одлуката на Уставниот суд да укине законска одредба и да му го врати правото на претседателот на државата да помилува, го најави новиот бран протести кој трае до денес. На 16 март 2016 повеќе илјади граѓани протестираа во близина на зградата на Судот, откако полицијата им го блокираше пристапот. Контра-демонстранти организирани од партијата ГРОМ ја „чуваа“ зградата.
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Револт против Иванов
По одлуката на Уставниот суд, Иванов набрзо го искористи вратеното право на помилување. На 12 април тој им даде „милост“ на 56 политичари и нивни соработници кои беа опфатени со истрагите на Специјалното јавно обвинителство. Својот револт граѓаните го искажаа врз неговата Народна канцеларија во Скопје.
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski
Порта Македонија во нови бои
Фасадата на Триумфалната капија или Порта Македонија во Скопје за првпат беше обоена на 15 април. Во знак на револт поради блoкадата на движењето, демонстрантите почнаа да фрлаат боја врз фасадата.
Фотографија: picture alliance/abaca/AA
Подготовка на „материјалот“
Балоните со боја се веќе широко распространети меѓу демонстрантите. Упатствата за нивна изработка и користење можат да се најдат и на интернет, исто како и стилизираните маички и сувенири поврзани со Шарената Револуција, поддршката за СЈО или пораките на обвинителките.
Фотографија: DW/E. Milosevska
Шарената револуција
Од 15 април, најпрво срамежливо, но веќе почна да се говори за почетокот на Шарената револуција. На нашата интернет страница ова име за првпат си го најде местото во наслов од текст објавена на 19 април. Во меѓувреме боењето или шарањето на „барокните“ владини и државни објекти во Скопје стана омилена пракса на демонстрантите.
Фотографија: BIRN/Prizma
12 фотографии1 | 12
Така се креира его-систем.
Овој термин го позајмив од Ото Шармер, професор на МИТ и автор на книгата „Управување од насетуваната иднина - од его-систем, кон еко-економски системи". Тој пишува за системот и односот на човекот кон него.
Најчесто луѓето имаат претстава дека човекот и системот се одвоени. Дека човекот „се бори" со системот, или пак се конформира во системот.
Ние сите сме всушност дел од системот. Од нашите вредности преточени во далување зависи како тој систем ќе се развива. Дали ќе мрднеме од его кон еко-систем.
Дури и во секојдневниот жаргон на изразување политичките партии велат „да им го земеме Скопје", „да им ја земеме изборната единица", мислејќи на политичките противници, а нема „што ќе им дадеме" суштински на граѓаните.
За да овозможат да се воспостави суштинска релација на потенцијалниот функционер (или пратеник) и граѓаните, партиите е корисно да го обелоденат неговото име најмалку шест месеци пред какви било избори. Граѓаните да го запознаат, тој да има време да ги искомуницира своите визии, проекти, вредности.
Локални избори за голем пресврт на политичката сцена
Исходот од локалните избори кои се одржаа на 15 октомври, освен првиот пораз на ВМРО-ДПМНЕ под раководство на Никола Груевски од 2004 година, најавува и голем пресврт на политичката сцена во Македонија
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Мирни и фер избори
Оценка на набљудувачите и на МВР е дека Локалните избори минаа во фер и демократска атмосфера, иако не отсуствуваа и изолирани неправилности и инциденти. Излезноста достигнала околу 60 проценти, што е помалку од изборите во 2013 година, а вкупно гласале нешто над еден милион и 70 илјади граѓани.
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Крај за партиските шерифи
Зоран Заев и неговата СДСМ се големи победници на изборите. Партијата успеа да направи целосен пресврт во распоредот на градоначалниците и да ја извојува првата изборна победа по пауза од 13 години. Заев порача дека завршува „ерата на локалните шерифи“ и побара од сите новоизбрани функционери да ги засукаат ракавите и да се фатат за работа.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Скопје има градоначалник социјалдемократ
За првпат од прогласувањето на независноста, Скопје ќе добие градоначалник од редовите на социјалдемократите. Иако победата на Петре Шилегов се уште не е официјално потврдена, извесно е дека тој ќе биде новиот градоначалник на Скопје, заменувајќи го на функцијата Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Новата ера... не започна
Иако најавуваше „нова ера“, Никола Груевски го доживеа најтешкиот пораз во својата политичка кариера. По серија последователни победи на сите изборни циклуси во последните 11 години, Груевски со наведната глава се пожали на изборни неправилности и најави жалби. Иако одби да одговори дали ќе поднесе оставка на партиската функција, меѓу редови, такво нешто се насетува.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Победа над стравот
За многумина во Македонија, изборниот исход е, на некој начин, победа над стравот кој го чувствуваа граѓаните. Настаните од 27 април и насилниот упад во Собранието беа почетокот на крајот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кој овојпат доби своја евалуација и во јасно изразената волја на граѓаните.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Grdanoski
Одмотување на клопчето
Губењето на локалната власт ќе го заокружи процесот на обезвластување на ВМРО-ДПМНЕ, што пак би требало да отвори многу процеси кои треба да дадат одговор на прашањето: што се случуваше во Македонија во изминатите 11 години. Заробена држава, огромна корупција, задушување на медиумите... Меѓу нив, секако, е и проектот Скопје 2014, кој ги чинеше граѓаните преку 600 милиони евра.
Фотографија: DW/F. Hofmann
Тешки задачи
СДСМ сега има уште поголема одговорност да ги спроведе најавените и потребни реформи во државата. Во прв ред тоа се однесува на препораките од вториот извештај на експертската група на Рајхард Прибе. Заев ја доби довербата на граѓаните за продолжување на политиката на заедништво, помирување со соседите и придвижување кон ЕУ и НАТО.
Фотографија: DW/M. Maksimovic
7 фотографии1 | 7
Не е важна неговата формална биографија, туку човекот како ресурс, кој носи во себе многу повеќе од универзитетска диплома или квалификација. Таа интеракција со граѓаните околу идеи и вредности да биде темел околу кој ќе се одлучува, наместо за партијата како бренд кој нуди ексклузивни поволности.
Претстојните локални избори можеби и кај нас ќе бидат тест во таа насока.
Прво дали имаме идеи слични на „Можеме" кои почиваат на вредности од еко-системите или ќе се обединуваме околу концептот на его—системот и разграбување?
Дали ќе се постигне синергија на носителите на таа идеја и граѓаните, за да дојде до потребните промени? Како одговор, би го употребила цитатот на Ото Шармер од книгата посочена погоре:
„Никогаш не се сомневајте дека мала група на посветени граѓани може да го смени светот. Впрочем тоа е единственото што некогаш го имало."
Единствено треба да се појави таа „мала група на посветени граѓани".