1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Има ли Германија стратегија за ангажманот во Авганистан?

9 октомври 2007

Воочи расправата во Бундестагот за ангажманот на Бундесверот во Авганистан во Германија се води јавна расправа за целите, концептот и излезната стратегија за германските мисии во Авганистан.

Германски војници во АвганистанФотографија: AP
Весникот Вестфален Блат ги предупредува политичарите воочи донесување на одлуката за продолжување на мандатот на германските воени мисии во Авганистан:

“ Неспорно е дека германските војници при извршувањето на своите задачи се цел на напади. Истотака е неспорно дека резултатите од она што е постигнато досега во обновата на Авганистан се разочарувачки. Сепак тоа не менува една работа. Државите кои кои влегоа во ангажман во Авганистан не смеат да го остават народот во таа земја на пола пат до целта. Германскиот бундесвер има исправен концепт во кој приоритет е обновата на цивилната компонента на авганистанското општество , но тоа не е доволно. Политичарите мораат да ги зголемат своите напори.” – читаме во коментарот на Вестфален Блат.

Весникот Ное Таг, пак критикува дека владата во Берлин повеќе нема јасна стратегија:

“Поранешниот канцелар Герхард Шредер како цели на мисијата во Авганистан ги наведе воспоставувањето демократија во земјата, човековите права и благосостојбата. Во меѓувреме владата се откаже од тие цели , но не даде одговори на прашањата : Кон што сега се стреми во Авганистан?; Кои се предусловите што треба да бидат усполнети за да можат германските трупи да ја напуштат земјата? Германија, едноставно нема излезна стратегија , како што впрочм призна и еден од германските генерали”- констатира Ное Таг.

Ди Велт

од другастрана донекаде го подржува сегашниот концепт на мисиите во Авганистан:

“ Германските хуманитарни организации вчера јасно побараа да се спроведат радикални реформи. Цивилните акции треба да преземат примат пред военити. Јасно е дека хуманитарците не се воодушевени од воените операции. Тие и самите имаат проблеми во работата затоа што за време на акциите на војската против Таливанците паѓаат и жртви меѓу цивилното население. Цинично е тоа дека добрите хуманитарци не сакаат да знаат ништо за работата на лошите војници. Зарем заборавија дека просторот за нивна работа е отворен само благодарение на тоа што во Авганистан се присутни странски трупи?- се прашува коментаторот во Ди Велт.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми