1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел без поддршка дома за помош за Грција?

З. Јордановски / дпа12 јули 2015

Германскиот канцелар Ангела Меркел ќе се соочи со голем отпор на пратениците од нејзината партија ЦДУ, а од ЦСУ веќе гласно отфрлаат каков било натамошен пакет со помош за Грција.

Фотографија: Reuters/F. Bensch

Доколку на самитот на ЕУ биде постигната согласност за нов, трет пакет за финансиска помош за Грција, Бундестагот мора да даде согласност за воопшто да се преговара за тоа - и се разбира, на крајот од преговорите уште еднаш, за сите модалитети на тој пакет. А во германскиот парламент има значителен отпор меѓу пратениците од партиите на Унијата ЦДУ/ЦСУ, на која и’ припаѓа и канцеларот Ангела Меркел.

Поделени ставови во ЦДУ/ЦСУ

Угледниот пратеник од ЦДУ Волфганг Бозбах во изјава за весникот „Генерал анцајгер“ вели: „Ќе биде многу, многу тешко да се најде мнозинство во фракцијата на Унијата за некој трет пакет за помош на Грција“. Тој укажува дека и при гласањето за продолжување на вториот пакет, кон крајот на февруари годинава, повеќе од 100 пратеници на Унијата дале согласност, но со значителни задршки. Освен тоа, 29 беа против, а имаше и воздржани. Бозбах нагласи дека лично ќе гласа против натамошни пакети за помош чија цел е Грција да се задржи по секоја цена во Еврозоната: „Таму (во Грција - н.з.) нема никакво согледување дека економијата мора сеопфатно да се модернизира, а нема ни политичка сила тоа да се стори“, вели Бозбах.

Поранешниот сојузен министер за внатешни работи Ханс-Петер Фридрих (ЦСУ) изјави дека не познавал никого во пратеничката група на Унијата, кој гледа основа за трет пакет за помош.

Но, има и спротивни гласови. Петер Хинце, потпретседател на Бундестагот, Томас Штробл, потпретседател на пратеничката група на Унијата, како и поранешната министерка Кристина Шредер не веруваат дека се губи поддршката за Меркел во сопствените редови поради политиката спрема Грција.

СПД и Левицата веројатно, а Зелените сигурно би гласале со „да“

И во редовите на коалициониот партнер СПД во последно време се зголеми бројот на критички гласови во однос на Грција. Таков е ставот и на претседателот на партијата Зигмар Габриел. Но, неговата линија не ја сметаат сите во партијата за правилна. Сепак, се верува дека социјалдемократските пратеници би дале согласност за почеток на нови преговори со Грција.

Бундестагот мора да даде согласност за воопшто да се преговара за трет пакет помош за ГрцијаФотографија: Reuters/F. Bensch

Посебно е скокотлива во овој момент позицијата на Партијата на левицата. Таа стриктно ја одбива логиката на програмите за помош и реформските налози поврзани со нив, оти смета дека токму преку тоа Грција дошла во катастрофална ситуација. Но, од друга страна, Левицата го поддржува Ципрас и неговата партија Сириза. Значи, пратениците ќе мораат да се решат дали и покрај сета критика сепак ќе дадат поддршка за преговори, односно за евентуалниот нов пакет.

Ангела Меркел со сигурност може да смета на целосна поддршка само од пратениците на партијата на Зелените. Тие бараат меѓународните кредитори да и’ излезат пресрет на владата во Атина, а се залагат и за репрограмирање на долговите на Грција, но истовремено бараат од Ципрас решителни реформи.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми