Балканските држави страдаат од слаби економии и политички непотизам. Многу добро образовани луѓе си заминуваат во странство и со тоа ја влошуваат состојбата, пишува денеска „Зиддојче цајтунг“.
„Ниски плати, висока невработеност, малку иновации и распространет непотизам ги тераат младите луѓе на Балканот да ги напуштат своите земји. Тој чекор има паѓа дотолку полесно што до економски силни земји како Германија и Австрија се стигнува брзо. Тој чекор е фатален за нивните татковини, затоа што работоспособно население на Балканот има сѐ помалку. Никаде во Европа, мерено според број на жители, не емигрираат толку млади и најдобри како што е тоа случај со земјите од поранешна Југославија, Албанија и Грција, Бугарија и Романија […]“
Весникот ја пренесува проценката на професорот Владимир Гречиќ од белградскиот универзитет, според кој денес 3,5 милиони Срби живеат во странство, а темпото на иселување се зголемува: во 2014 година својата земја ја напуштиле 58.00 Срби - двојно повеќе отколку во 2007 година.
„Тоа се должи и на големата невработеност на младите. Секој четврт млад Хрват, а дури секој втор Грк или Македонец, се без работа. На Косово од тројца млади, само еден работи. Пазарите на работна сила се крути и им служат пред сѐ на постарите, на оние кои веќе имаат некаква рбаота, често во државна служба.“
Посветувајќи голем дел од текстот на опис на состојбата во Србија, затворените фабрики, ниските плати и политичкиот непотизам, авторот Флоријан Хасел заклучува:
„Во другите балкански држави како Романија, Босна и Херцеговина или Македонија политичкиот непотизам е исто така раширен и дополнително го поттикнува иселувањето. Меѓународниот монетарен фонд во 2016 година излезе со студија за иселувањето, во која се заклучува дека има 'значајна негативна поврзаност' меѓу квалитетот на владеење и иселувањето. Борбата против корупцијата, правната држава и другите особини на доброто владеење во Југоисточна Европа се 'чувствително послаби' отколку, на пример, во Централна Европа или на Балтикот, а иселувањето на добро обраозваните млади луѓе е значително поголемо“, се вели во текстот на „Зиддојче цјатунг“.
Македонија- земја на иселеници
Илјадници луѓе секоја година си заминуваат од Македонија во потрага по подобар живот низ земјите на Западна Европа, северна Америка или Австралија. Традицијата не е нова, но во последниве години трендот е растечки.
Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Battefeld
Масовно иселување
Според податоците на Светска банка, од прогласувањето на независноста до 2010 година од Македонија се иселиле над 440 илјади луѓе. Трендот последниве години повторно се засилува. Проценките се дека во последниве 5 години, најмалку по 20 илјади луѓе годишно ја напуштаат земјата.
Фотографија: picture alliance/AP Photo/N. Denette
Охрид – неславен рекордер
Во Охрид – градот рекордер по бројот на иселувања во Македонија, неславно рекордна е 2012 година, кога заминале 983 лица. Од Охрид за 11 години се иселени 7860 лица, или по две лица дневно. Најчесто се иселуваат младите.
Фотографија: picture alliance/landov/Z. Yi
Бесперспективност
Според податоците на Светска банка објавени неодамна, невработеноста кај младите во Македонија изнесува 50,08%, додека најновиот извештај на Евростат покажува дека речиси 40% од младите немаат работа, ниту се вклучени во процес на образование. Ваквите состојби поттикнуваат голем дел од нив својата иднина да ја гледаат надвор од државата.
Фотографија: DW/E. Milosevska
Правец Германија
Само во 2015 година, над 24 илјади македонски државјани ја напуштиле својата татковина во потрага по подобар живот во Германија. Од нив, 12 илјади останале. Бројката на македонски доселеници во Германија се приближува до рекордни 100 илјади.
Фотографија: Fotolia/clabert
Sprechen Sie Deutsch?
Според анкети спроведени во регионот и во земјата, германски јазик во Македонија во моментов учат околу 63.500 луѓе. За студирање во Германија потребно е познавање на германски јазик, кое се проверува преку специјални испити ТестДаФ и ДСХ. ТестДаФ се организира во 90 земји, меѓу кои е и Македонија. Но, може да се учи и во Германија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/W. Kastl
Јагма за работни визи
Според податоците на ОЕЦД над 17 илјади луѓе од земјите на Западниот Балкан во првата половина од годинава добиле работни визи во Германија. На Македонија отпаѓа над 10 проценти од вкупната бројка. Германските власти им издале точно 1.841 работни дозволи на македонски државјани во првите шест месеци од годинава.
Фотографија: AP
Бугарски пасош
Илјадници Македонци во меѓувреме побараа и добија бугарски пасош, во обид полесно да заминат во некоја од западноевропска земја. Нивниот точен број не е познат, но според неодамнешното истражување на Призма, само во последните 10 години, 57 илјади Македонци земале пасош од источниот сосед. Се проценува дека вкупната бројка надминува 100 илјади луѓе.