1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Има ли „Опел“ шанси да опстане?

29 мај 2009

Судбината на германскиот производител на автомобили е неизвесна. Раководството на претпријатието, синдикатите и политиката бараат решенија за опстанок и перспектива за „Опел“.

Фотографија: AP&DW

Во егзистенцијална криза „Опел“ беше вовлечен од неговиот сопственик, американскиот концерн „Џенерал моторс“, кој е пред банкрот. Но, „Опел“ тешко се пробива и на германскиот пазар, а и генерално ова не се добри времиња за автомобилската бранша. Аналитичарите се скептични дали воопшто за него има шанса за опстанок. Јирген Пипер од Мецлер-банката искажува почит дека „Опел“ се’ уште произведува добри возила, и покрај тешките околности, кои одамна владеат. Но, тој анализира: „Ако се погледа од друга страна, актуелните испитувања на имиџот покажуваат дека „Опел“ во меѓувреме падна на последно место меѓу сите марки, со што тешко може да се излезе на крај. Производите мораат да бидат многу подобри, отколку кај конкуренцијата - дури тогаш би имало шанса да се поправи имиџот. Тоа ќе биде многу, многу тешко“.

„Опел“ ги надмина проблемите со квалитетот на возилата

Последната година беше лоша за „Опел“. Тој беше единствениот од големите германски производители на автомобили, кој продаде помалку возила - пласираните 260 илјади автомобили значат пад од 9,5 проценти во однос на 2007 година. „Фолксваген“ сам, без „Ауди“ и „Шкода“, продаде двојно повеќе.

Долго време причина за назадувањето на „Опел“ беше недоволниот квалитет. Сега состојбата е многу подобрена. Карл-Петер Форстер, претседател на европскиот оддел на „Џенерал моторс“, лани гордо истакна: „Многумина набљудувачи ни признаваат дека нашите производи токму во последните години се енормно подобрени. Ќе претставиме и многу интересни нови производи“. Форстер зборуваше за новиот модел ’инсигнија’, за кој изрази уверување дека „апсолутно може да се мери со конкурентите во тој сегмент“, дека им е апсолутно рамноправен. „Сите неутрални студии велат дека пак произведуваме автомобили со добар квалитет“, нагласи Форстер.

И навистина, уште пред новиот модел да се појави кај трговците, тој веќе беше избран за „автомобил на годината за 2009“, во конкуренција на 36 други нови модели.

Сега покерот околу иднината на „Опел“ продолжува. Преговорите се во тек.

Автор: дв

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми