1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Има ли услови за чесни избори?

Ивица Петровиќ/Б.Г.28 јануари 2016

Политичко насилство, блокирани медиуми и цензура, притисок врз независните институции. Најавата за вонредни парламентарни избори во Србија, го отвори и прашањето за обезбедување услови за фер и чесни избори.

Фотографија: Reuters

Повеќе опозициски партии предупредија дека „во моментов во Србија не постојат услови за фер и слободни избори“, наведувајќи притоа „дека владата и државните органи мораат да ги разрешат сите случаи на загрозување на слободата на кандидирање и слободно изразување на изборната волја“. Опозицијата бара и „спречување на злоупотребата на државните органи со цел наметнување на изборна волја, но и слобода на медиумите како еден од клучните предуслови за слободни избори“. Притоа се истакнува дека зачестуваат случаите на политичко насилство, блокирање на медиумите и цензура, како и притисок врз независните институции; во игра се и најавите за бојкот доколку тие услови не се поправат.

Полошо отколку под Милошевиќ?

Условите за избори се многу лоши, вели за ДВ социологот Весна Пешиќ.
„Јас дури ги споредувам со првите повеќепартиски избори во 1990 година, уште во времето на Милошевиќ, е ми се чини дека тогаш условите беа и подобри. Бидејќи, апсолутно сите медиуми се под жестока контрола на актуелната власт, и не гледам каде воопшто опозицијата може да им се обрати на граѓаните и да ги изнесе своите програми и идеи. Но затоа, секој ден гледаме на телевизија конференции на премиерот Александар Вучиќ, тој секој ден нешто отвора, секој ден нешто ветува, тој буквално непрекинато е присутен во медиумите. Кога кон тоа ќе го додадеме физичкото насилство кон политичките противници тогаш е јасно дека имаме една многу тензична ситуација“, вели Пешиќ.

Весна ПешиќФотографија: DW/I. Petrovic

„Услови за фер и чесни избори во овој момент нема, но сметам дека бојкотот секако не е решение“, вели Владимир Милутиновиќ, уредник на интернет-порталот Двоглед. „Главната причина зошто нема услови за фер избори е физичкото заплашување, како и медиумската контрола. Притоа, власта има неколку свои медиуми со кои може да спроведува масовни медиумски манипулации. Па така, оној славен „државен удар“ беше вежба на масовна медиумска манипулација, и сосема е можно дека тоа ќе продолжи и во текот на предизборната кампања“. Милутиновиќ притоа ја отфрла можноста ЕУ да помогне во подобрување на условите затоа што „тие во моментов замижуваат пред 95 отсто од она што се случува во Србија на внатрешен план“.

Весна Пешиќ смета дека не е можно да се подобрат услови за избори без помош од страна, но во истовреме и не очекува никаква помош од ЕУ. „Без помош однадвор, ние не можеме да опстанеме. За разлика од 90-те години кога опозицијата имаше огромна помош однадвор, сега таква помош воопшто нема. Наместо тоа, тие сега непрекинато ги фалат невидените, божествени и совршени реформи и успеси кои ги постигнува Александар Вучиќ. Така да, ние сме целосно блокирани и однадвор и одвнатре“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми