Имигрaнт се самозапалил во Атина
21 декември 2013Реклама
Несреќата во главниот град на Грција се случила во 7 часот изутрината кога мажот, според очевидци, се полеал со запалива течност и се запалил. Полицајците, но и случајни минувачи, кои биле во близина, се обиделе да го изгаснат пламенот, но сепак несреќникот, кој се здобил со силни изгореници, починал на пат за болницата.
Во близина на местото на несреќата бил пронајден паричник со документи, а атинската полиција соопштила жртвата е 28-годишен Иранец. Мотивите за ваквиот чин засега не се познати