1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Инаугурацијата на Чавез е одложена

ЕМФ/дв/ртр9 јануари 2013

Парламентот во Венецуела ја одложи инаугурацијата на тешко болниот претседател Хуго Чавез на неопределено време. Чавез требаше да положи заклетва утре (10.01).

Фотографија: picture-alliance/dpa

Националното Собрание, во кое мнозинство имаат владејачките социјалисти, гласаше за одлагање на инаугурацијата. Претходно, вице-претседателот на Венецуела Николас Мадуро во писмо до пратениците, информираше дека претседателот Чавез останува на Куба поради здравствени причини.

Опозицијата ја обвини владата за кршење на Уставот и побара со прашањето да се позанимава Врховниот суд. Опозиционерите бараат и одржување нови избори во земјата. Уставот не прецизира што ќе се случи доколку претседателот не ја преземе должноста според предвидениот рок.

Хуго Чавез, кој на Куба ја имаше четвртата операција од рак, беше реизбран на функцијата во октомври 2012 година. Доколку умре или се повлече од функцијата, треба да се одржат нови избори во рок од 30 дена.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми