Индија: Десетици загинати во пожар во воз
30 јули 2012Индиските власти соопштија дека еден вагон на композицијата бил зафатен од пожарот и притоа целосно изгорел. Причините за пожарот се‘ уште не се откриени. Вработен во железницата забележал го забележал вагонот што горел при излегувањето на возот од станицата во градот Нелоре, во идниската сојузна држава Андра Прадеш. Возот бил веднаш запрен, а патниците биле однесени на безбедно, соопшти портпарол на индиското Министерство за железнички сообраќај. Вагонот потоа бил одвоен од останатиот дел на композицијата, за да се спречи ширење на пожарот, кој во меѓувреме е изгаснат. Сепак, спасувачките екипи поради високите температури се‘ уште не можат да влезат во изгорениот вагон за да ги извадат телата на жртвите.
Железничките несреќи се редовна појава во Индија, каде овој вид на транспорт го користи големо мнозинство од населението. Железничката мрежа не е во најдобра сосотојба и несреќите се чести.