Инспектори на МААЕ пристигнаа во Северна Кореја
14 јули 2007Реклама
Инспекторите на Меѓунаронадната агенција за атомска енергија пристигнаа во Северна Кореја. Десет члениот тим директно ќе се упати кон атомската централа Јонгбјон и ќе почне процесот на исклучување на реакторот што исто така ќе го набљудуваат. Ова е првпат после пет години, коминистичката земја да дозволи влез на меѓународни инспектори за да вршат активна контролна функнција врз атомска постројка во земјата. Во северно – корејското пристаниште Сонгбонг утрово пристигна и првата испорака на нафта, што е против услуга за Северна Кореја да ја прекине атомската програма. Нова рунда на шестпартитните преговори продолжува во среда.