1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Интензивен напад врз Триполи

24 мај 2011

НАТО изведе нови напади врз Триполи чија цел бил возен парк на трупите на Гадафи. Според либиската влада, во акција изведена рано утринава, загинале најмалку три лица.

Експлозии во Триполи рано утринава
Експлозии во Триполи рано утринаваФотографија: dapd

Борбени авиони на НАТО со повеќе од дваесет воздушни напади за половина час рано утринава бомбардираа цели во либискиот главен град Триполи. Детонации и чад имало и во близина на воениот комплекс Баб ал Асисисја, каде се наоѓа и една од резиденциите на властодржецот Моамер ел Гадафи. Либиската влада соопшти дека во нападите на НАТО биле убиени најмалку три лица, а околу 150 биле поврдени. Повеќето од жртвите биле цивили, кои живееле во близина на касарната, тврди портпаролот на владата Муса Ибрахим. Според набљудувачите ова бомбардирање било едно од најтешките изведено врз Триполи од почетокот на воената интервенција.

Гадафи се’ уште цврсто се држи на властФотографија: dapd

НАТО потврди дека биле изведени редица напади врз депо со возила во склоп на воениот комплекс Баб ал Асисија, кое било користено за снабдување на владините трупи, кои би изведувале напади врз цивили.

Нова фаза во операцијата

Франција и Велика Британија, според извори од француската влада, колку што е можно поскоро имаат намера да употребат борбени хиликоптери во Либија. Со нив може да бидат нападнати воени цели и во густо населени места, без да бидат загрозени цивили. Според францускиот министер за надворешни работи Алан Жипе, резолуцијата на ОН дозволува употреба на вакви бробени хиликоптери, кои летаат ниско. Американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон во гостински прилог за денешното издание на британскиот весник „Тајмс“ најавија дека нападите против Гадафи ќе продолжат се’ до спроведувањето на резолуцијата на ОН.

Автор: Александра Трајковска / дпа

Редактор: Горан Чутаноски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми