1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Интернет видео го радикализирало убиецот од Франкфурт

4 март 2011

Повод за радикализација на косовскиот Албанец кој уби двајца американски војници на франкфуртскиот аеродром било интернет видео со наводни злосторства на американската војска во Авганистан.

Фотографија: dapd

Германското јавно обвинителство оценува дека безбедносната состојбата во земјата и натаму е стабилна и непроменета, и покрај нападот врз автобусот на американската армија на аеродромот во Франкфурт. Заменикот-јавен обвинител Рајнер Грисбаум изјави дека оваа проценка произлегува од фактот дека осомничениот сторител е изолиран поединец, кој бил под исламистичко влијание.

Според досегашната истрага, нема индициии дека 21-годишниот Косовар Арид У. припаѓал кон терористичко здружение. Мотивот за неговото дело било американското присуство во Авганистан. Осомничениот изјавил дека на делотот го поттикнал филм на кој биле прикажни наводни злодела на американските војници во Авганистан. Грисбаум ја толкуваше оваа изјава како доказ, какво влијание може да се развие преку исламистичката пропаганда на интернет.

Осомничениот Арид У. од Косово со место на живеење во Франкфурт, во средата попладне на аеродромот во Франкфурт уби двајца американски војници а двајца тешко повреди.

Автор: АТ/ЖА/дпа/афп/дпад

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми