Инфлација во Словенија
14 ноември 2007Реклама
Во Брисел владее скептицизам околу високата инфлација во Словенија која според есенските прогнози на Европската комисија за оваа година ќе изнесува 3,5 проценти, наспроти 2,5 во минатата година. Се смета дека порастот на инфлацијата во Словенија се должи на зголемените цени на храната и енергијата, како и на недостигот на конкурентски производи.