1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Инцест во Австрија: „исчезнатата“ ќерка ја држел во подземна скривница 24 години

Јерг Пас29 април 2008

Сторителот Јозеф Ф. призна дека ја држел во подземен затвор ќерката Елизабет и дека ја злоупотребувал сексуално – соопшти денеска на пладне австриската полиција.

Куќата во Амштетен, во чиј подрум се случувала семејната драмаФотографија: AP

За време на вкупно 24-те години вакво малтретирање, ќерката Елизабет донела на свет 7 деца. Ова е најтежок случај на инцест и сексуална злоупотреба во австриската историја, што потполно ја шокира тамошната, но и светската јавност.

Соседите во градот Амштетен во Долна Австрија уште не можат да се приберат од шокот. Никој не забележал дека Јозеф Ф. води двоен живот. Тој, неговата сопруга и внучињата биле секогаш многу пријатни, велат тие. Никој не се ни посомневал дека внуците се всушност деца на Јозеф и тоа со неговата наводно исчезната ќерка: „Тоа не може да биде вистина. Такво нешто нормално не постои. Тие беа толку драги соседи, не може човек такво нешто да си замисли...„

За некои од соседите, сега кога скандалот изби во јавноста, сепак имало чудни елементи во семејството: „Тоа беше отсекогаш така, за нивната мајка не се зборуваше. Знаевме дека нешто било со неа, ама што конкретно, тоа не знаевме.„

„Тие се толку драги деца, никогаш не би поверувала дека такво нешто се случува.„

Хорор сценарио зад пристојната граѓанска кулиса

Елизабет Ф. за прв пат била сексуално злоупотребена од татко и’ уште на 11-годишна возраст. Таа се обидела неколку пати да избега од дома, но татко и’ ја наоѓал и ја враќал, а кога имала 18 години ја намамил во подрумот, ја онесвестил и од тогаш не видела дневна светлина цели 24 години.

„Ова скривалиште било направено толку прецизно, било прикриено со регал со разни лименки, зад кој се криела бетонска врата со вграден мотор и електронски код. Него го знаел само главно-обвинетиот„ појаснува шефот на полицијата во Амсштетен, Хајнц Ленце.

Перфидно смислена лага

Елизабет во меѓувреме родила 7 деца, од кои едното починало брзо по раѓањето. Три деца таткото Јозеф изнел и ги прикажал како оставени бебиња на изгубената ќерка, која подпаднала под влијание на некоја секта и и’ се изгубила секаква трага. Децата дури можел да ги посвои со одобрение на надлежните служби, кои поверувале во приказната. Преостанатите три деца, на 19, 18 и пет-годишна возраст останале во скривалиштето кај мајката.

Целиот случај полицијата го откри поради оболувањето на најстарата ќерка од 19 години, која била пронајдена во куќата на сторителот во бесвесна состојба. Во обидот да ја посетат во болница биле фатени и 73-годишниот пензионер и неговата сега 42-годишна ќерка Елизабет. Таа има седа коса како старица и се согласила да ја раскаже својата тажна животна приказна дури откако инспекторите и’ ветиле дека никогаш повеќе нема да го види татко и’, а децата и таа ќе се најдат на безбедно место.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми