1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Инцидент во Авганистан – двајца германски војници загинаа

27 јуни 2005

Тим експерти на германскиот Бундесвер денеска патува за Авганистан за да ги испита околностите под кои загинаа двајца германски војници и петмина авганистански помошници. Според командата во Потсдам, нема никакви знаци за напад како причина за тешката експлозија во северно-источната провинција Такар.

Шредер со војниците во Авганистан
Шредер со војниците во АвганистанФотографија: AP

Загинувањето на двајцата германски војници укажува на ризикот на мисијата. Старата муниција и мините ја прават опасна мисијата, подеднакво како и зголеменото насилство на трговците со дроги, криминалците и милитантните екстремистите кои ги зголемија нападите пред парламентарните избори во септември. Авганистан инаку, е една од земјите во светот во кои се поставени најмногу мини што не ги исклучува несреќите и инцидентите.Во почетокот на мај загинаа околу 30 лица кога ескплодираше илегално депо со муниција. Карен Тисо ван Пато, портпаролка на ИСАФ вели:

„Постојано доживувавме такви случаи во кои муницијата се чува во депоа што е лекоумно и опасно. Ова сега е нов инцидент кој јасно укажува на опасноста„.

Полицијата и армијата, како и програмата за разоружување на Обединетите нации досега успеаја да соберат само мал дел оружје и муниција. Питер Бабингтон, од Обединетите нации:

„Муницијата може да се чува извесно време. Ако се пречекори времето за употреба, таа станува нестабилна. Некои се стари 10 или 15 години. Муницијата се сместува на отворено или во влажни подруми и кога и да е лета во воздух„.

Но, мините и гранатите можат да бидат и насочено употребени. Се уште не е јасно дали експлозијата од саботата беше несреќа или напад, како што претпоставуваат авганситанските органи за безбедност.

Министерството за одбрана во Берлин смета дека станува збор за несреќа, како што вели полковникот Карл Хајнц Флеснер:

„Тргнуваме од тоа дека во овој случај не станува збор за напад, туку за несреќа и тоа го покажуваат досегашните резултати на истрагата„.

Германскиот министер за надворешни рабопти Јошка Фишер по овој повод изјави:

„Ова е трагична вест за роднините и во оваа пригода сакам да изразам сочуство. Ова покажува колку е опасна оваа мисија и каков ризик носат војниците во Авганистан, на Балканот и во други места на нивните мисии„.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми