1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Инцидент во провинцијата Кундус

20 јули 2009

Во бомбашки напад во Авганистан загинаа 11 луѓе во мини автобус, кој налетал на бомба покрај патот. Германските војници во инцидент во северниот дел од земјата убија двајца цивили кога кон пунктот налетало комби возило.

Војници на Бундесверот во АвганистанФотографија: picture-alliance/ dpa

Инцидентот се случи во последно време особено немирната авганистанска провинција Кундус. Бундесверот вака го опишува: комби возило со шест лица во него со голема брзина се приближило кон пункт на германски пешадиски војници, настрана од базата во главниот град на провинцијата Кундус. Војниците испалиле предупредувачки истрели, но возилото и покрај тоа продолжило кон нив со несмалена брзина. Војниците тогаш морале целно да пукаат во комбито, при што биле убиени двајца Авганистанци, меѓу нив и едно момче, а двајца се ранети. Војниците, се вели во соопштението на Бундесверот, морале да сметаат дека е во прашање напад врз нив. Ова не е прв пат германските војници во Авганистан да убијат цивили, поради страв од атентати на крајот на август минатата година еден водник отвори оган врз автомобил на улична барикада. Возачот не запрел на предупредувања, а притоа беа убиени една жена и две деца.

Во регионот на Кундус, каде се стационирани германските војници, состојбата станува се‘ поопасна: меѓу нив и бунтовниците се‘ почесто доаѓа до судири. На крајот на јуни загинаа тројца германски војници во пад на нивното возило во дупка, а и вчера дошло до препукување со противничките групи, соопшти Бундесверот.

Загинувањето цивили во акции на странските трупи во Авганистан е жешка тема, поради која страда угледот на Западот. Новиот командант на НАТО трупите во Авганистан издаден наредба во борбите против Талибанците да се постапува крајно внимателно, за да биде избегната смрт на невини луѓе. За најголем број од цивилните жртви сепак одговорност сносат екстремистите.

Автор: Каи Киснер / Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми