Ирак – ОН
11 август 2007Реклама
Советот за безбедност на ОН донесе заклучок за поголем ангажман на светската организација во Ирак и покрај растечкото насилство во таа земја. Членовите на Советот за безбедност едногласно донесоа резолуција со ваква содржина, која беше поднесена од страна на САД и Велика Британија. Според резолуцијата, треба значително да биде зголемен бројот на соработници на ОН во Ирак и светската организација во иднина треба да му дава поддршка на Ирак во делот на безбедносни прашања, снабдување со енергија и преговори со соседните држави. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, изјави дека планира одржување конференција со министрите за надворешни работи од регионот на крајот на септември.