1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иранците се надеваат на крај на санкциите

Тереза Тропер/ЖА7 април 2015

Повеќегодишните санкции против Иран оставија траги врз земјата на мулите. Многу од луѓето се осиромашени. Ако успее договорот во атомскиот спор и бидат укинати економските санкции, многу работи можат да се променат.

Фотографија: picture-alliance/AP/Vahid Salemi

Големиот пазар во Техеран е најважниот трговски центар на земјата, овде трговците ги продаваат своите стоки на купувачи од земјата и од странство. Но, минатите години стануваше се‘ потешко. Санкциите се чувствуваат и тука. Затоа, трговците внимателно следea што се случува во далечната Лозана.

„Како што чув, веќе е постигнат договор. Уверен сум дека за нас ќе биде подобро, да се надеваме“, вели еден граѓанин.

„Договорот ќе влијае позитивно, луѓето ќе излезат од оваа тескоба“, со надеж дополнува друг.

Погледајте го видеото на оваа тема:

На Иранците им е доста од скапотија и откажувања

01:41

This browser does not support the video element.

Санкциите многумина луѓе ги втурнаа во сиромаштија. Дури и директната државна помош кон населението не можеше тоа да го спречи. Цените на прехранбените производи делумно петпати пораснаа, како на омилениот традиционален ирански леб кој е присутен со секое иранско јадење.

„Се надевам дека се‘ ќе биде подобро и поевтино, луѓето да можат едноставно повторно да живеат. Тоа е мојата желба“, истакнува еден пекар.

Дури и цената на бензинот минатите години многукратно се зголеми и тоа во земја која ги поседува најголемите нафтени резерви. Причина е што Иран не располага со доволно рафинерии. Така, останува само надежта дека со олабавени санкции, во земјата ќе стигнат и итно неопходните резервни делови и ќе помогнат нов полет на руинираната индустрија, па на луѓето повторно ќе им останат повеќе пари за живот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми