Иран атомска програма
18 септември 2005
Иран, како што соопшти претседателот Ахмадинеџад е подготвен во партнерство со приватни и јавни меѓународни преставници да ја спроведува програмата за збогатување ураниум. САД кои и натаму бараат спорот да се префрли пред советот за безбедност, ги повикаа властите во Техеран да ги продолжат преговорите со европската тројка која понуди економско политички пакет доколку Иран ја прекине атомската програма
Германскиот министер за надврешни работи Јошка Фишер соопшти дека предлогот на Терхеран ќе биде разгледан од страна на меѓународната агенција за атомска енергија во Виена:
„ Потоа мораме да седнеме и да ги преиспитаме предлозите и мораме да видиме дали тука се наоѓа пат кој е оптоварувачки или какви се сите последици„
Главна точка на зборот е збогатување ураниум, кој, како што стравуваат во САД и ЕУ би можел да се употреби за производство на атомско оружје. Техеран, како што можеше да се слушне од говорот на претседателот Ахмадинеџад, сака овој дел од програмата да го работи под контрола на Кина, Русија, Индија или Јужна Африка. Значи под меѓународна контрола.
Европските дипломати стравуваат дека доколку се скршне од оваа точка, судирот би ескалирал и прашањето Иран би се поставило пред Советот за безбедност на ОН. Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс во својот говор пред собранието на ОН не пропушти да ја каже заканата:
„ Кога ќе се исцрпат дипломатските средства, мора да се вклучи Советот за безбедност„
Таа го искористи настапот во ОН уште еднаш да ги нагласи главните обвиненија против Иран:
„ Прашањата за атомската програма на Иран останаа без одговор и покрај повторените напори на меѓународната агенција за атомска енергија. По согласноста за преговори со ЕУ, Иран се повлече од преговорите и ја продолжи атомската програма. Иран мора да се врати на разговори со европската тројка и мора да се откаже од сите планови за развој на атомско оружје„ рече Кондолиза Рајс