1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

МААЕ со тешки обвинувања за Иран

ЕМФ / дв
7 јули 2021

Техеран сака да произведува уран со облагородување од 20 проценти, изјави шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси. Со тоа земјата јасно го крши Атомскиот договор од 2015 година.

Österreich IAEA- Direktor Rafael Mariano Grossi
Рафаел Гроси, директор на МААЕФотографија: Ronald Zak/AP Photo/picture alliance

Германија, Франција и Велика Британија по обелоденувањето на извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) реагираа со остри критики на сметка на Техеран. Иран „нема веродостојна цивилна потреба“ од уран, соопштија министрите за надворешни работи на трите земји. Со своето однесување Техеран го загрозува успехот на актуелните преговори во Виена, оценија министрите.

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас и неговите колеги нагласија дека Техеран презема чекори за производство на облагороден ураниум, што е „сериозна повреда на иранските обврски“. Производството на уран е чекор кон „развој на нуклеарно оружје“, се вели во соопштението.

Најновата повреда на Атомскиот договор од страна на Иран е уште позагрижувачка со оглед на тоа што досега нема термин за натамошни преговори. Затоа, прашање е како повторно да заживее нукеларниот договор. Нејасно е како изборот на хардлајнерот Ебрахим Раиси за претседател на Иран може да се одрази врз евентуалните разговори. Раиси на 3 август ја презема функцијата од Хасан Рохани, кој важеше за претежно умерен.

Како Ебрахим Раиси ќе соработува по прашањето на Атомскиот договор?Фотографија: Vahid Salemi/AP Photo/picture alliance

Министрите за надворешни работи на Германија, Велика Британија и Франција заеднички го повикуваат Иран да се врати на преговорачката маса во Виена. Предмет на разговорите во Виена е Атомскиот договор од 2015 година со кој треба да се спречи Иран да стекне способност за создавање атомска бомба. Како дел од договорот, Западот ги олабави санкциите против Техеран. САД во 2018 година го напуштија Атомскиот договори воведоа нови санкции против Иран. Како реакција на тоа, Техеран се повлекуваше постепено од своите обврски преземени со Атомскиот договор.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми