Иран во фокусот
15 септември 2006Инаку во рамките на состанокот министрите ќе бидат информирани за напорите кои ги вложува првиот европски дипломат во разговорите со иранскиот преговарач Али Лариџани , да се постигне запирање на збогатувањето ураниум од страна на Иран .
Солана всушност сакаше да ги информира шефовите на дипломатии за неговите вчерашни разговори во Париз . Тој имеше договорено состанок со главниот ирански преговарач за атомската програма Али Лариџани. Меѓутоа нема многу што да каже , бидејќи средбата беше одложена , уште еднап . На крајот се сретнаа дипломати од двете страни , но без главните преговарачи, Солана и Лариџани.
И покрај тоа Солана и натаму сака да преговара и ќе ги замоли евроминистрите да му остават време за натамошни преговори. Пред две недели шефовите на дипломатии на земјите членки на ЕУ се сретнаа во Финска и разговараа за тоа , како натаму треба да се однесува ЕУ кон Иран. Неколку денови претходно , владата во Техеран го отфрли ултиматумот поставен од страна на Советот за Безбедност . Имено Советот побара Иран до крајот на август да ја запре својата атомска програма , пред се збогатувањето ураниум. Тоа меѓутоа не се случи.
ЕУ и покрај тоа одлучи и натаму да се потпира на преговорите како метод за изнаоѓање решени за спорот околу атомската програма на Иран , но под еден услов. Техеран, како што е побарано најнапред мора да ја стопира својата атомска програма . Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер во последната негова изјава на оваа тема појасни:
„ На преговарачката маса една од двете страни не може да создава нови факти , доколку треба да веруваме дека на тој план не се случуваат изградби на центрифуги , нивно полнење и останати активности“