Иран поттикнува немири во Ирак
14 март 2006
Американскиот претседател Џорџ Буш го обвини Иран дека придонесува за постојаните немири во Ирак.
-Техеран е одговорен за неколку од мноштвото напади врз антитерористичката коалиција,со тоо што ги обезбедува шиитските милиции со потребен материјал за производсство на експлозив.
Сојузничките трупи повеќепати пронашле импровизирани експлозивни средства и бомби кои се недвојбено произведени во Иран.Со ваквата помош на атентаторите како и со својата атомска програма Иран и натаму продолжува да се изолира од останатиот дел од светот,изјави американскиот претседател Џорџ Буш.
Инаку,вчера третата рунда разговори околу иранската атомска програма во Советот за безбедност на ОН протече без резултат.
Позициите на САД,Велика Битанија и Франција од една страна и Кина и Русија од друга страна се сеуште многу оддалечени,се вели од дипломатски извори.Во Лондон бротанскиот министер за надворешни работи Џек Строу во својот говор пред Меѓународниот институт за стратегиски студии изјави дека ОН треба да извршат натамошен притисок врз иранската влада.Но,во исто време треба да биде можно во секое време да продолжат преговорите:
-Ангажманот на Советот за безбедност на ОН не значи крај на нашите напори за наоѓање преговарачка солуција,туку означува нова фаза во нашите дипломатски напори.Ако е Иран подготвен да ги исполни барањата на Меѓународната агенција за атомска енергија,вратата за преговорите ќе биде повторно отворена,изјави Строу.