1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Иран се откажува делумно од Нуклеарниот договор

ЖА / агенции
8 мај 2019

Иран ги информира своите партнери дека се повлекува од дел од обврските преземни со Нуклеарниот договор. Потегот на Техеран се случува токму една година откако САД се откажаа од спогодбата.

USA Iran Spannungen Symbolbild Rohani im Atomkraftwerk in Bushehr
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Iranian Presidency Office/M. Berno

Иран им соопштил на Германија, Франција, Велика Британија, Кина и Русија дека нема веќе да се придржува на одредени делови од меѓународниот Договор од 2015 година, според кој Иран го ограничи облагородувањето на ураниум во замена за укинување на економските санкции. Писмото на иранскиот претседател Хасан Рохани им било доставено на амбасадите на земјите потписнички на договорот, а првата фаза на редуцирањето почнува уште оваа недела.

Можно ли е воопшто делумно повлекување?

Сѐ уште е нејасно од кои обврски ќе се откаже Иран во иднина. Претседателот Рохани најави повеќе детали во интервју за државната телевизија ИРИБ кое ќе се емитува вечерва, по што ќе бидат познати и конкретните последици.

Наводно, станува збор за два технички дела од Атомскиот договор. Според мислењето на набљудувачите, во договорот се јасни техничките обврски на Иран, тие можат или да се извршуваат или не. Дали воопшто можат да бидат „редуцирани“, може да донесе одлука Меѓународната агенција за атомска енерегија од Виена.

Повеќе: 

САД распоредуваат борбени сили во правец на Иран

Иран „соодветно ќе одговори“ на заострените санкции на САД

Трамп го зголемува притисокот врз Иран

Една година по откажувањето на САД 

Меѓународниот договор со Иран беше склучен во јули 2015 година и тој на Техеран, преку строги интернационални контроли, треба да му оневозможи производство на атомско оружје. За возврат, земјите-потписнички, пред сѐ САД, најавија укинување на санкциите и нормализирање на економските односи. Сознанијата на Меѓународната агенција за атомска енергија велат дека Иран од јануари 2016 година се придржува на одредбите од Нуклеарниот договор и не се констатирани негови прекршувања. Без оглед на тоа, САД под лидерство на претседателот Доналд Трамп, пред точно една година, на 8 мај 2018 година, еднострано се откажаа од меѓународниот договор. Државите од ЕУ, Кина и Русија продолжија да се придржуваат на спогодбата. Преку посебно формирано тело, Инстекс, Европејците планираат заобиколување на американските санкции и натамошно одржување трговски односи со Иран. Но, иницијативата Инстекс засега не е многу успешна, од причина што, посебно крупните банки, стравувајќи од казни од страна на САД, не сакаат да финансираат трговски проекти со Иран.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во неочекувана посета на БагдадФотографија: picture-alliance/dpa/AP Photo/M. Ngan

Помпео во Ирак

Вчера американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео неочекувано го посети ирачкиот главен град Багдад, претходно краткорочно одложувајќи ја планираната посета на Берлин со образложение за „итни обврски“. Помпео синоќа во Багдад разговарал со премиерот Адел Абдул Махди и претседателот Бархам Салех околу заострената конфронтација меѓу САД и Иран.

Двајцата политичари го убедиле американскиот министер дека ќе ги штитат интересите на Вашингтон, изјави Помпео по средбите. Тој истовремено предупреди од „непосредно претстоен“ напад на Иран. Американската воена авијација, според информациите од Пентагон, врши преместување на повеќе бомбардери од типот Б-52, а во регионот е упатен и авионскиот носач „Абрахам Линколн“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми