Иселувањето ја празни Македонија
23 ноември 2017
Реклама
Во потрага по подобар живот, младите заминуваат од тетовската општина Теарце, но не забораваат на традицијата. Финансиски се грижат за постарите кои останале дома и го помагаат родниот крај.
„Сите овие убави куќи што ги гледате се од оние што работат во странство, инаку ние овде не можеме да врземе крај со крај. Затоа сите одат во странство", вели Азис Алили, жител на Нераште.