1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Истражување: Од младите 58 проценти би се иселиле

ДТЗ
22 март 2022

Според најновите истражувања, 58 проценти од младите велат дека би се иселиле од државата, а 64,8 проценти се незадоволни од своето место во државата. 

Symbolbild Familie Koffer Reise Auswanderer Immigranten
Фотографија: Fotolia/Peter Atkins

Младите се незадоволни од своето место во државата, се поголем број од нив сакаат да ја напуштат Северна Македонија. Ова го покажува истражувањето на Фондацијата за демократија на Вестиминстер, во кое учествувале околу 1.000 испитаници. Педесет и осум проценти од младите велат дека би се иселиле од државата, а 64,8 проценти се незадоволни од своето место во државата. 

„За жал има голем бројмлади луѓе кои сакаат да си заминат од државава и висок степен и процент на незадоволство помеѓу младите од тоа што државата не придонесува за подобрување на младинскиот стандард“, изјави Петар Барлаковски, претседател на Младински образовен форум (МОФ) на денешната конференција на тема „Да кажеме СТОП на иселувањето на младите“, во организација на Прогрес – Институтот за социјална демократија. 

Тој посети на истражување изработено од МОФ изминатата година во кое учествувале околу 800 испитаници - 56,8 проценти од младите сметале дека државата воопшто не придонесува за младите кои живеат во неразвиени рурални средини, а 61,4 проценти се изјасниле дека државата дополнително не придонесува за младите кои живеат сиромаштија. 

Што покажуваат овие резултати? 

„Имаме висок степен на младинско незадоволство во врска со тоа како државните власти се грижат за оваа категорија на луѓе и имаме огромна дискрапанца меѓу кои можности и потреби ги имаат младите на локално ниво и на централно ниво“, смета Барлаковски. Укажувањата се дека кога се креираат политики, да се направат мерки и на локално ниво поради тоа што потребите на младиот човек во Скопје со младиот човек во некоја рурална средина се навистина многу различни.

Многу млади луѓе се одлучуваат да се преселат заради можностите што ги имаат во други држави од аспект на социјален живот, на културни настани, на образовни можности итн. Затоа расмислувањата се дека во овие области државата треба да се обиде да најде решенија коишто ќе ги привлечат младите луѓе да останат тука. Најчесто се исселуваат високообразовани кадри од областа на медицинските професии и од областа на инженерството,  кои заминуваат во земјите членки на ЕУ во последните години во Скандинавија, Германија, Британија.

-повеќе на темата: Како да се задржат ИТ-стручњаците?

Во новата Програма на Влада 2022-2024 година, предвидена е поддршка за секое вработено лице до 29 години кое ќе се вработи првпат, за сите кои не сѐ уште не развиле вештини за вработување да го сторат тоа преку пракса, предвиден е поврат на персонален данок на доход за сите нововработени млади под 30 години, предвидена е поддршка во отварањето на младинските центри и локалните младински совети, со цел вклучување на младите во процесите на донесување на одлуки и зголемување на капацитетите на младите луѓе.

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми