1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Искрена дискусија на Груевски и Заев

ЖА/миа20 мај 2015

Тројцата пратеници олеснувачи од ЕП- Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, како и еврокомесарот Јоханес Хан во кратко соопштение ја поздравија синоќешната искрена дискусија меѓу Никола Груевски и Зоран Заев во Стразбур

Фотографија: Amalia Oganjanyan

По десетчасовните разговори меѓу Никола Груевски и Зоран Заев во Стразбур, тројцата пратеници олеснувачи од ЕП- Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, испратија кратко соопштение во кое се поздравува, како што се наведува, искрената дискусија која се водела изминатата ноќ и се изразува очекување дека разговорите меѓу лидерите на ВМРО- ДПМНЕ и на СДСМ ќе продолжат, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.

„Во контекст на разговорите кои се одвиваат, премиерот Никола Груевски и лидерот на главната опозициска партија Зоран Заев се сретнаа со Иво Вајгл, Евдард Кукан, Ричард Ховит и комесарот Јоханес Хан во Стразбур на 19-20 мај 2015 година. Пратениците и комесарот Хан ги поздравуваат напорите на лидерите на партиите да работат за постигнување договор во интерес на сите граѓани на земјата и да се решат предизвиците кои произлегуваат од кризата во согласност со европските стандарди.

Партиите ја потврдија нивната определба за ЕУ интеграција и демократските принципи и се согласија дека на прво место мора да ги стават интересите на земјата. Пратениците и комесарот Хан ја поздравија искрената дискусија околу клучните теми на несогласувањата. Сите страни се согласија дека е важно средбите да продолжат“, се наведува во заедничкото соопштението на тројцата пратеници и еврокомесарот Хан.

(На фотографијата се Груевски и Заев при нивна средба во Скопје, 2014 година)

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми