1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Искршена спомен плочата за Мара Бунева

ЕМФ/миа/макфакс13 јануари 2014

Непознати сторители ноќеска (12/13.01) повторно ја искршиле спомен плочата на Мара Бунева, на кејот на Вардар во Скопје, што вчера ја поставија претставници на неколку бугарски здруженија.

Фотографија: DW/P. Stojanovski

Спомен плочата беше поставена во чест на одбележувањето на 86 години од атентатот врз Велимир Прелиќ, што на 13-ти јануари 1928-ма година, го извршила Бунева, по што се самоубила.

Во организација на Бугарскиот културен клуб, вчера во црквата Св. Димитрија во Скопје се одржа панихида за Мара Бунева, а потоа на кејот на реката Вардар беше поставена нова спомен плоча. На панихидата присуствуваа поддржувачи на ликот и делото на Мара Бунева, како и гости од соседна Бугарија

Фотографија: DW/P. Stojanovski

И минатата година истите здруженија ја поставија спомен плочата на Мара Бунева, но и тогаш таа не го дочека утрото, односно уште првата ноќ беше скршена. Полицијата излезе на терен за да изврши увид на местото на настанот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми