1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Исламистите убија уште еден странски заложник

ЖА/дв/дпа/мф4 октомври 2014

Терористичката група Исламска држава егзекутираше уште еден странски државјанин. На интернет е објавено видео кое прикажува британски државјанин, кој работел како доброволец-хуманитарец во Сирија пред да биде киднапиран.

Фотографија: Henning family handout via the British Foreign and Commonwealth Office/Handout via Reuters

Британецот Ален Хенинг во рацете на исламистите бил од декември 2013 година. Џихадистите на Исламската држава вчера објавија ново видео на кое е прикажано обезглавувањето на Британецот Хенинг (47). Исламската држава ја презеде одговорноста за обезглавувањето на британскиот државјанин, заканувајќи се дека следниот заложник кој ќе биде погубен ќе биде Американецот Питер Кесиг (26). Ова е четврти пат џихадистите на брутален начин да убијат заложник, а снимката да ја објават на интернет.

Двајца американски извори потврдиле за западните агенции дека Питер Кесиг, поранешен американски војник кој служел во Ирак, е во рацете на џихадистите. Маскираниот џихадист во новото видео му порачал на Обама дека ИД ќе продолжи со убивањето затоа што американскиот претседател започнал воздушни напади врз Сирија. Самиот чин на отсекување на главата на Хенинг не е прикажан, но сe‘ останато е направено на ист начин како и во претходните три егзекуции, на двајца американски новинари и еден британски хуманитарен работник.

Хенинг инаку бил возач на хуманитарен конвој кој тргнал кон Сирија за пружање помош на цивили и бил киднапиран набргу по преминувањето на турско-сириската граница, на крајот на декември. На почетокот на неделава неговата сопруга Барбара во телевизиско обраќање ги замоли џихадистите да го ослободат. И десетици муслимански водачи во Велика Британија апелирале тој да биде ослободен.

Премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон синоќа, по објавување на снимката, изјави дека убиството на Хенинг го покажува варварството на припадниците на ИД. Алан заминал во Сирија, како што рече Камерон, за да им помага на луѓето од сите вери. Тој вети дека ќе биде направено сe‘ што е можно за да бидат најдени убијците и да изведени пред лицето на правдата.

Британскиот Форин офис соопшти дека работи на проверка на автентичноста на снимката и дека, ако се потврди, ова ќе биде уште едно стравично убиство. Велика Британија им помага на САД со логистика и разузнавачки податоци во борбата против Исламската држава, а од неодамна учествува и во воздушните напади во Ирак.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми