1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

100709 Islamophobie Deutschland

11 јули 2009

Германската јавност ја потресува убиството на Марва Ел-Шербини, по потекло од Египет, во судница во Дрезден. Неа ја избоде со нож Германец со руско потекло.Станува ли збор за кулминација на „исламофобија“ во Германија?

Marwa El Sherbiny
Крај на семејната среќа: Марва Ел Шербини со сопруготФотографија: dpa

Се’ почна во август минатата година на едно детско игралиште во Дрезден. Германецот со руско потекло Алекс В. таму бил со ќерката на сестра му. Тој седел на детска лулашка, а Египќанката Марва Ел-Шербини му пришла и го замолила да му ја отстапи лулашката на нејзиниот тригодишен син. Алекс при тоа се разгневил и почнал да ја навредува, нарекувајќи ја „курва“, „исламистка“ и „терористика“. Марва поради тоа го тужела на суд.

Првостепената судска инстанца во Дрезден и’ дала за право и му определила на Алекс парична казна во висина од 780 евра. И за време на овој процес тој си дозволил повеќе расистички изјави во судницата. На 1 јули уследила ревизија пред повисоката инстанца - и тука се случило грозморното убиство.

Како на филм

Само што Марва го завршила исказот пред судијата, Алекс и’ пришол и ја избодил повеќепати со голем нож. Сопругот на Марва се обидел да и’ притекне на помош, при што и тој бил ранет - опасно по живот. На повик дотрчал полицаец од соседната судница и по грешка истрелал кушум во ногата на сопругот на Марва, место во напаѓачот. Бремената Марва им подлегнала на повредите уште во судницата, тешко ранетиот сопруг бил пренесен во болница, а тригодишнот син го гледал сето тоа.

Дрезден е потресен од страшниот злосторФотографија: AP

Чудни реакции на медиумите

Првиот ден по страшниот чин, германските медиуми одреагираа воздржано со наслови како: „Обвинет уби сведок“. Вториот ден почнаа да ја согледуваат расистичката димензија на убиството: „Човек полн со омраза кон странците уништи семејна среќа“. Специфично исламистичкиот аспект на навредите на Алекс и понатаму не ги спомнуваше ниту еден од домашните медиуми. Тоа го забележаа јасно здруженијата на муслиманите и на 7 јули Координативниот совет на муслиманите во Германија објави заедничко соопштение, во кое меѓу другото се вели: „Марва е жртва на омраза и клевети, кои се поттикнуваат на одделни интернет страници уште од времето на одлуката за забрана на носење шамии во јавните служби. Политиката мора конечно да се соочи со исламофобијата во нашата земја.“

Таткото на убиената пред погреботФотографија: dpa

Поддршка за ваквиот јасен став Здружението на муслиманите доби и од Централниот совет на Евреите во Германија, чиј генерален секретар Штефан Крамер порача: „Овој страшен чин покажа дека се лажеле сите оние, кои ја сметаа за излишна загриженоста поради исламофобијата во Германија.“

И владата се јави за збор

Откако емоциите зовреа на погребот на Марва Ел-Шербини во нејзината татковина, Египет, портпаролот на германската влада се обиде да ги смири духовите и појасни: „Германската влада реагираше. Ополномоштеникот на владата за интеграција, Марија Бемер, му изрази сочувство на сопругот, како и згрозеност од страшниот чин. Владата не молчеше“ - појасни портпаролот Томас Штег. И канцеларката Ангела Меркел најави дека за случајот ќе разговара лично со египетскиот претседател Хосни Мубарак на самитот на Групата Г8 во Лаквила.

Исламофобија или изолиран случај

Но, наспроти ваквото настојување на политиката, останува прашањето: колку се основани обивнувањата за исламофобија во земјата? Анкетата на Институтот Аленсбах од 2006 година покажа дека дури 83% од испрашаните Германци, на спомен на зборот ислам помислуваат на „фанатизам и радикалност“. Освен тоа индикативно е што полицаецот од другата судница дотрча и стрелаше во сопругот на жртвата, наместо во Германецот со руско потекло.

Илјадници луѓе дојдоа на погребот на Марва Ел Шербини во КаироФотографија: dpa

Фалах Шарара од арапската програма на Дојче веле оценува: „Сметам дека нема тенденција на анти-исламизам, што би била потикната од владата, такво нешто не сум доживеал. Но, има медиуми кои муслиманите ги ставаат под генерален сомнеж, исто тако што има и други медиуми кои ги бранат правата на муслиманите. Значи има две слики!“

Автор: Рахел Гесат / Горан Чутаноски

Редактор: Горан Чутановски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми