1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Исламската држава регрутира џихадисти крај Охридското езеро

Паул Туцек
14 февруари 2018

Многумина во Албанија беа шокирани од фактот дека ткн. „Исламска држава“ и во нивната земја регрутирала голем број млади луѓе- на пример во местото Лешница во близина на Охридското езеро.

Fokus Europa Albanien
Фотографија: DW

Минатото на Балканот игра голема улога. Со распадот на комунизмот, многу атеисти одеднаш станаа верници. Некои умерени, некои порадикални. За Албанија, на пример, се смета дека мнозинството го чинат умерени муслимани. Затоа не треба да изненадува тоа што многумина во земјата беа шокирани од фактот дека ткн. Исламска држава и кај нив регрутирала голем број млади луѓе. На пример, во малото место Лешница во близина на Охридското езеро.
Лешница е село како и многу други во источна Албанија. Луѓето се земјоделци, имаат малку пари. Ништо не наведува на исламски фундаментализам. Сепак, десетици млади од овој крај заминале во Сирија да се борат на страната на ткн. Исламска држава. Меѓу нив и Ервис Алињ. Оттогаш во неговото семејство ништо не е како порано. 

Повеќе на темата: 

- Радикализацијата на младите Албанци

Балканот и натаму соочен со исламистичка закана

„Не го споменувајте Алмир Даци во оваа куќа! Тој беше криминалец, убиец“, вели таткото на Ервис, Хамди Алињ. И таткото Хамди и мајката Хурма Алињ се уверени дека нивниот син бил радикализиран во Тирана од страна на свештеникот Алмир Даци.
„Беа таму 3-4 дена во џамија. После тоа стана фанатик“, вели Хурма Алињ.

„Проклета“ џамија

Ервис заминал за Сирија во 2012 година следејќи го имамот Алмир Даци, кој и самиот е од Лешница, и кој во тоа време регрутирал многу млади за Исламската држава. Многумина загинале како и тој. На младите луѓе свештеникот им се обраќал од џамијата во Лешница. Оттогаш, таа џамија се смета за проклета. Џихадистите со својата пропаганда ја извалкаа традицијата на Исламот, велат верниците.

„Овде во оваа џамија луѓето веќе не доаѓаат. Ова е голема џамија, би можела да прими до 100 луѓе. Дури и на петочните молитви, на нашиот најважен ден, се појавуваат само двајца или тројца“, вели Агим, жител на Лешница.

Погледнете ја целата сторија во оригинал на англиски јазик: 

Исламската држава регрутира џихадисти крај Охридското езеро

04:25

This browser does not support the video element.

Повеќе од 100 млади момчиња од селата околу Охридското езеро и се приклучија на Исламската држава. А девет самопрогласени имами кои ги намамиле сега се во затвор. Осудени се бидејќи ги повикувале луѓето да се зачленат во терористичка организација. По неколкумесечни преписки со затворот, ни беше дозволено да разговараме со еден од тие проповедници на омраза.

„Тогаш направив една грешка, требаше прв да заминам и да ги спасувам нашите муслимански сестри од силување. Да, ги советував своите браќа да одат таму за да спасуваат луѓе. Во 2012, 2013 и 2014 година, во тие три години, во Албанија не беше забрането одење во Сирија. Се одеше директно од аеродромот Ринас“, вели за ДВ, Фадил Муслимани, самопрогласен имам кој во меѓувреме одлежува затворска казна.

ИД е табу тема

Во 2016 година против албанските проповедници на омраза беше воден судски процес: добија вкупно 126 години затвор. Повеќе од половината млади Албанци кои заминале во Ирак и Сирија се сметаат за мртви или исчезнати.

Стотици млади луѓе од селата околу Охридското езеро и се приклучиле на Исламската државаФотографија: picture-alliance/Zuma Press

Во селската кафеана во Лешница расположението е лошо. Исламската држава е табу тема. Кога прашуваме за тоа, мажите стануваат агресивни. Велат „имаме други грижи“. Најмногу се жалат на недостатокот на работни места.

Тоа го знае и градоначалникот, но вели дека тоа не може да биде причина за убивање и приклучување кон Исламската држава.

„Тоа беа добри момчиња, сите бевме шокирани кога дознавме дека заминале во Сирија. Економската состојба навистина е многу лоша, но не само за нив, туку за сите кои живеат тука“, вели градоначалникот на Лешница, Владимир Липо.

Младите муслимани од Албанија биле особено радикализирани за војната на Исламската држава, ни објаснува експертот за тероризам Деранд Красниќи. Трагата води кон Саудиска Арабија.

„Повеќето имами студираа во такви земји, а потоа откако ќе се вратеа, наместо традиционален албански ислам, ни ја донесоа оваа нова политичко-верска идеологија“, вели Красниќи.

Џихадизмот оттогаш за нив е како проклетство, ни велат жителите на Лешниџа. Покрај жалоста за своите мртви и исчезнати деца, се плашат и од лажните имами кои се во затвор. Бидејќи тие оттаму продолжуваат да шират омраза и во Албанија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми