1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Исламска држава во дефанзива

Ханс-Андреас Циглер / Симе Недевски7 септември 2014

Нападите врз Исламска држава продолжуваат. Постигнати се успеси, но војната против терористичката милиција ни од далеку не е завршена. Можно е екстремистите да поседуваат и борбени авиони.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Американски воени авиони денеска спроведоа серија воздушни напади на врз екстремистите од „Исламска држава“ (ИД) во близината на браната Хадита во западен Ирак, што е прв пат да делуваат во тој регион во Ирак, јавија американските службеници. „На барање на ирачката влада и во согласност со нашата мисија да го заштитиме американскиот персонал и објекти, американски воени авиони започнаа напади на терористите Исламска држава во близината на браната Хадита, во провинцијата Анбар“, соопшти денеска американската Централна команда.

Преку 100 американски воздушни напади

Американските удари, први во тој регион, се наменети да ги заштитат ирачките безбедносни сили и сунитските племиња, кои ја контролираат оваа брана од витално значење. САД спроведоа десетина воздушни напади да ги поддржат ирачките и курдските сили кои се обидуваат да го запрат напредувањето на екстремистите, кои од јуни заземаа големи делови од територијата на северот и на западот од Ирак. Еден американски службеник изјави дека овие удари се спроведуваат за да се спречи понатамошна закана од терористите на ирачките безбедносни сили кои ја контролираат браната. Американските воени авиони од почетокот на август изведоа над 130 воздушни напади во Ирак на позициите на екстремистите.

Борците од Исламска држава досега нападнаа неколку брани за време на нивната офанзива и ја заземаа браната во Фалуџа. Исто така ја заземаа и најголемата ирачка брана во близината на Мосул, но оттаму се потиснати со помош на американските воздушни удари. Оваа група досега не успеа да ја заземе браната Хандита во западната провинција Анбар, втора по големина во Ирак. ИД, покрај големи делови од Ирак, има освоено и територии на северот и на истокот во соседна Сирија.

Фотографија: Alan Radecki/U.S. Navy/Northrop Grumman via Getty Images

ИД на удар и на авионите на Асад

Во воздушни напади на сириската армија врз позиции на џихадистите во градот Рака во североисточниот дел на земјата вчера биле убиени 15 припадници на Исламска држава. Но, како што соопшти владината организација Сириска опсерваторија за миниторинг на човековите права, со седиште во Лондон, во бомбардирањето загинале и триесетина цивили.

„Регистрирана е смртта на 31 цивил, меѓу кои пет жени и три деца, во градот Рака и околината“, соопшти директорот на организацијата, Рами Абдел Рахман.

Според него, воени авиони на сирискиот режим извршиле осум напади во близина на градот Рака. Воздушните напади се дел од кампањата на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад против припадниците на групата Исламска држава во деловите на Сирија под нивна контрола.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми