1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Исламска држава“ го егзекутира Салопек

БГ/ртр/ап12 август 2015

Египетската филијала на "Исламската држава“ соопшти дека го егзекутирала хрватскиот заложник Томислав Салопек. Сѐ уште нема официјална потврда на информацијата од египетските и од хрватските власти.

Фотографија: Propagandavideo Islamischer Staat via AP

Хрватскиот заложник Томислав Салопек бил егзекутиран утрината, тврди филијалата на „Исламската држава“ во Египет. Исламистите објавија фотографија на обезглавено тело за кое тврдат дека е на хрватскиот државјанин.
Сѐ уште нема официјална потврда на информацијата, ниту може да се провери автентичноста на фотографијата на која се тврди е телото на 30-годишниот Салопек, инаку татко на две малолетни деца. Под фотографијата на безживотното тело е наведен текст во кој се вели: „убиството на хрватскиот заложник, поради учеството на неговата земја во војната против Исламската држава, откако истече крајниот рок...“

Портпарол на египетското министерство за внатрешни работи за Ројтерс не можеше да ја потврди информацијата. „Ги видовме вестите на интернет и во моментов вршиме проверки. Доколку се потврди дека е така ќе ја информираме јавноста преку соопштение.

Минатата недела, исламистите објавија видео снимка на која човек кој се претставува како Томислав Салопек изјавува дека ќе биде убиен доколку во рок од 48 часа не бидат ослободени сите муслиманки од египетските затвори.

Хрватот работел за француска фирма специјализирана за истражување на нафтени и гасни полиња. Компанијата минатата недела потврди дека еден нејзин вработен бил киднапиран на 22 јули додека патувал кон Каиро.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми