1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Исламска држава ослободи Германец од заложништво?

ЕМФ/дпа/Велт ам Зонтаг24 август 2014

За ослободување на американскиот новинар Фоли екстремистите на Исламска држава бараа милиони долари. САД отфрлија плаќање откуп, а Фоли беше обезглавен. Сега доаѓаат информации за ослободување на Германец од страна на ИД

Фотографија: picture alliance/abaca

По околу една година во заложништво во Сирија, 27-годишен Германец, според медиумски извештаи, е ослободен од страна на терористичката милиција Исламска држава (ИД). Лицето од покраината Бранденбург наводно е ослободено во јуни годинава, во замена за „супстанцијална противуслуга“, пишува весникот „Велт ам Зонтаг“ повикувајќи се на информации на безбедносни кругови во Германија. Германскатта криминалистичка служба, Кризниот штаб на Министерството за надворешни работи и тајната служба БНД се занимавале со случајот неколку месеци.

Министерството за надворешни работи во Берлин ниту ги потврдува, ниту ги демантира ваквите информации. „Немаме коментар“, изјави портпаролка на Министерството денеска (24.08). Министерството за „Велт ам Зонтаг“ демантираше дека е исплатен откуп во замена за ослободување на заложникот.

Џејмс Фоли беше погубен од страна на ИДФотографија: Reuters

Весникот пишува дека Германецот бил киднапиран од екстремистите во текот на јуни 2013 година. Од кругови на истрагата се вели дека тој „постапил наивно“ и наводно имал желба да се активира како спасувач во земјата во која се води граѓанска војна. Пролетва, неговото семејство во Бранденбург добило видео порака преку имејл на која се гледа заложникот и се барат пари. На видеото наводно е прикажано и погубување на друг заложник на кое Германецот од Бранденбург бил сведок. „Велт ам Зонтаг“ пишува дека на германските власти им успеало да стапат во контакт со грабнувачите и да почнат преговори за ослободување на Германецот. Обвинителството во Франкфурт на Одра има отворено постапка за случајот и води истрага против непознато лице поради „киднапирање и уценување“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми