1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Исламска држава треба прво да се победи воено

Александер Кудашеф / Превод: ЕМФ8 септември 2014

Платениците на Исламска држава не престануваат со убивање. Борбата против терористичките милиции на ИД мора да се води со полна жестина. Таа сепак е меч со две острици, оценува Александер Кудашеф.

Фотографија: picture-alliance/AP Photo

Исламска држава (ИД) не треба да се потисне, туку мора да се уништи, и тоа прво воено, а потоа и политички, со тоа што ќе се уништи фасцинацијата со џихадизмот и ќе се разбијат неговите симпатизери. Но, прво мора да се победи во борба против терористичките милции. За таа цел некако очекувањата се вртат во насока на САД, а потоа и на целиот Запад. НАТО основаше „коалиција на волните“ која треба да се бори против ИД. Меѓу десетте земји е и Германија, која досега сака само политички да го следи она што евенетуално ќе треба да се спроведе воено.

Штофот од којшто се направени кошмарите

Притоа, на сите им е јасно - војната против ИД во Ирак и Сирија не може да ја води само Западот, туку таа треба да се води заедно со партнерите. Ако постапуваат САД сами или заедно со Велика Британија, тогаш тоа пропагандистички веднаш би било наречено „крстоносна војна“. Значи, неопходни се сојузници од регионот, прво од самиот Ирак и од шиитската влада, која не ужива углед кај многумина во земјата. Ирачката армија навистина е деморализирана и слаба. Освен тоа, централната влада во Багдад има многу противници, меѓу кои сунитските племиња и остатоците од партијата на Садам Хусеин, кои делуваат од позадина. Централната влада би морала да води војна на два фронта, а за тоа не е способна.

Другиот потенцијален партнер во борбата против милициите на ИД е во Дамаск - сирискиот претседател Башар ал-Асад, против кого Западот досега се бори. Соработка со диктаторот би била фатална и е незамислива. Но, без Асад нема да може да се победи Исламска држава. Тоа е политички кошмар - Западот одамна се залага за соборување на Асад - но е неизбежна реал-политика.

Неопходно зло - сојузи со довчерашните противници

Тука се и Курдите, на кои сега им се доставува оружје. Но, како што веќе се насетува, ако победат, нивната желба за самостојна држава ќе стане посилна од се‘, а тоа не го сака никој вистински. И конечно, тука е Иран, кој се‘ уште е воздржан, но би се вмешал доколку ирачките шиити се најдат во вистинска дефанзива, доколку бидат на работ на пораз или бидат осквернавени шиитските светилишта, како она во Кербала. А, каде се арапските земји - Египет, Јордан, Саудиска Арабија? Тие не можат да си претстават одеднаш да се борат на страна на Асад или на ирачките шиити, па соодветно на тоа - воздржани се. Така е можеби и заради тоа што не сакаат да станат цел на напади на непријателите во сопствените земји.

Александер Кудашеф, главен и одговорен уредник на ДВФотографија: DW

Силна коалиција против ИД

Сепак, против Исламска држава е неопходно да има голема коалиција, меѓу другото и за да се покаже дека сите се борат против фундаменталистичкото лудило на „калифот“ Абу Бакр ал-Багдади. За да се покаже дека никој не сака тиранија на некаков праисториски, антимодерен ислам. За да се покаже дека војната против џихадизмот е оправдана и дека сите сакаат Блискиот Исток да остане регион на верски соживот, во кој муслиманите, христијаните, Језидите и припадниците на другите вери можат да живеат заедно. Во спротивно, во занесот на исламската божја држава ќе заврши култура постара од 12 векови.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми