1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Истанбул: Нов стадиум на теророт

Серхат Еркмен/превод: Ж.А. 30 јуни 2016

Иако никој не ја презеде одговорноста за нападите врз истанбулскиот аеродром Ататурк, тие го носат потписот на Исламска држава. Стратегијата на ИД достигна нова фаза, анализира експертот за Блиски Исток, Серхат Еркмен.

Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Suna

Само оваа година екстремистичката милиција Исламска држава изврши четири напади во Турција, од 2015 година, нивниот број се искачи на девет. Постојат повеќе причини што земјата се наоѓа во фокусот на терористите. Турција во меѓувреме офанзивно е вклучена во борбата против терористичката милиција, таа е членка на меѓународната алијанса против ИД. Турските безбедносни мерки на границите и‘ го отежнаа животот на терористичката организација во областите под нејзина контрола. Освен тоа, Турција поддржува сириски опозициони групи во борбата против ИД преку логистичка помош и бомбардирање на позициите на терористичката милиција.

Терористите од Истанбул „уловени“ на камера

00:58

This browser does not support the video element.

Се множат нападите врз турско тло

Сето тоа доведе Турција во изминатава еднаипол година да стане тажна арена во која ИД ги извршува своите најкрвави напади. Овој развој не може да се објасни со краткорочните политички одлуки на Турција, како најновите повторни приближувања кон Израел и Русија. .

Ден потоа - Истанбул во шокФотографија: Reuters/M. Sezer

Нападите врз аеродромот Ататурк во Истанбул не се испланирани за неколку дена, за нив била потребна комплексна подготовка. Паѓа в очи што тие се случија два дена пред втората годишнина од прогласувањето Калифат од страна на ИД. Овие поединости упатуваат на заклучокот за воведување нова фаза во стратегијата на Исламска држава во Турција и зачестувањето на напади врз нејзина територија.

Самоубиствени напади, прекугранични десанти, ракетни напади, борби со војската: земјата на Средниот Исток во минатото беше цел на различни атакувања, врз сопствено тло, но и надвор од него. Турција ја потресуваа опсади, напади или заложнички драми и надвор од нејзините граници.

Она што притоа треба најмногу да ја вознемирува земјата е постојаната промена на начинот и видот на извршените напади: на 6 јануари 2015 година цел беше полициска станица, неколку недели подоцна на мета беа поддржувачите на прокурдската Народна демократска партија. На 20 јули атентатор самоубиец се разнесе во Културен центар во близина на граничниот град Суруч, загинаа преку 30 луѓе.

Серхат ЕркменФотографија: privat

Оттогаш нападите станаа покомплексни, а освен тоа засилено во фокусот ги имаат странските туристи, како во ланскиот октомври, кога во Анкара експлодира бомба која во смрт однесе повеќеод 100 лица.

Терористички келии низ целата земја?

Разноликоста на нападите нуди претпоставка за постоење келии на терористичката милиција низ целата земја, кои во визирот имаат сосем различни цели, а со секој напад се испробува нова постапка.

Турската влада ја обвинува ИС

01:26

This browser does not support the video element.

Нападот врз полициска станица во Газиантеп во мај и оној врз аеродромот Ататурк во Истанбул беа извршени во области со висок степен на заштита. При последниот, се чини, првпат беше во акција „борец-самоубиец“. Постојат сличности со терористичките напади во Париз и во Брисел, а се покажува дека ИД натамошно ја гради и шири својата мрежа и во Турција.

Наспроти многу други земји, Турција е посебно лесна цел. Поради блискоста со Блиски Исток и без оглед на засилените гранични контроли, за милитантните исламисти влегувањето во земјата е релативно едноставно.

Освен тоа, расте бројот на Турци кои се приклучуваат кон ИД. Додека долго време беа само малубројни поединци, бројот на турски регрути во минатите месеци, според наводите на турските безбедносни сили, е покачен на илјадници.

Натамошна важна причина е што многу борци на Исламска држава се заглавени во Турција: поради засилените безбедносни мерки ниту можат да се вратат во Сирија, ни во своите татковини. Покрај тоа, се‘ побројни сириски и ирачки членови на терористичката милиција престојуваат во Турција камуфлирани како бегалци.

Спречени напади во Турција

Нема крај на повидок

Покрај успешно извршените напади, постојат и оние кои можеле да бидат спречени. Само во Истанбул се осуетени четири напади во минатите два месеци. Ако се верува на достапните извори, во оваа година низ целата земја се спречени десет напади.

По крвавиот атентат врз истанбулскиот аеродром со преку 40 мртви, се чини очигледна екстремната активност на ИД која ја користи секоја прилика за владата, граѓаните и странците да ги направи цел на своите терористички напади. Ништо не укажува тоа да може да се промени во скора иднина.

Серхат Еркмен работи во „Турскиот институт 21 век“, каде го води Одделот за студии за Блиски Исток и Африка. Освен тоа, Еркем го води Одделот за меѓународни односи на универзитетот Ахи Евран во Кирсехир.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми