Истече вториот ултиматум
13 април 2007Реклама
И по истекот на вториот ултиматум од грабнувачите, останува неизвесна судбината на двајцата киднапирани Германци во Ирак. Истовремено не се губи надеж дека 61 годишната Ханелоре Краузе и нејзиниот син сеуште се живи, истакна портпарол на министерството за надворешни работи во Берлин. Кризниот штаб интензивно ги продолжува напорите. Киднаперите бараат повлекување на Бундесверот од Авганистан и се заканија со убиство на грабнатите.