1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Истовремено може да се биде и сторител и жртва“

4 декември 2017

Поранешниот Висок претставник на Меѓународната заедница во БиХ, Волфганг Петрич во ексклузивно интервју за ДВ зборува за Хашкиот трибунал и соочувањето со минатото на просторот на поранешна Југославија

Wolfgang Petritsch, österreichischer Diplomat und Politiker
Фотографија: DW/A. Feilcke

ДВ: По последниот голем процес, кој заврши трагично, Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија се ближи кон својот крај. Каков биланс извлекувате Вие?

Волфганг Петрич: Навистина мора да кажам дека бев многу, многу шокиран од самоубиството на осуденикот, зашто такво нешто едноставно не смее да се случи. Тука се работи за сериозни безбедносни пропусти кои едноставно не може да се оправдаат. Но, ако тоа се изземе, мислам дека Судот има релевантност за процесуирање на воени злосторста во поранешна Југославија. Веројатно денес треба уште повеќе да се земе предвид историската перспектива. Од една страна, вистинскиот историски предизвик - помирувањето - не е покренато и не можеше да биде решено во Хаг. Тоа мора да се случи во самиот регион. Тоа е местото каде луѓето и политиката мора да преземат инцијатива. Од друга страна, во Хаг, со тие неверојатни милиони документи, сведоштва и истражувања, е создадено нешто како архив на трагедијата во Југославија, по кој ќе можат да посегнат идните генерации, тогаш кога во регионот ќе може да настане успешна иницијатива за помирување.

Што би морало да се случи сега, откако завршија меѓународните судења за воени злосторства?

Фокусот сега ќе биде на националните судови. На почетокот на 21. век бев лично задолжен за воспоставување Кривичен суд во Босна кој има две задачи: покрај борбата против корупцијата, задача му е и преземање на судењето за воени злосторства, нивно продолжување или дури и почеток на нови процеси. Тоа се случува и во други земји, како Хрватска и Србија. Верувам дека сега мора да се апелира на одговорноста на секоја држава погодена со оваа трагедија. Мислам дека тоа е многу важно. Но, покрај тоа, мислам дека цивилното општество кое е особено силно во Србија и кое веќе направи толку многу, мора да се обиде да направи повеќе во процесот на меѓусебно поврзување со политичките сили во земјата, за да се дојде до нешто како заедничко соочување со минатото. Тој процес мора да се одвива во секоја од тие држави, но тој конечно мора да се покрене и меѓу државите наследнички.

Дали Меѓународниот кривичен суд беше погрешен пристап? Дали процесите требаше да се водат веднаш, на лице место, за да се избегнат обвинувања дека тоа беше суд на победниците или екстерен суд?

Појдовната точка беше дека Меѓународниот кривичен суд - привремениот трибунал - настана поради фактот што Босна и Херцеговина де факто беше целосно уништена, што немаше институции за ваков трежок процес. Но, ние тогаш, јас бев таму како Висок претставник, силно работевме во тој правец. Сите акти на формирање на државата кои тогаш ги поставивме имаа за цел воспоставување функционално правосудство, кое би било во состојба да се соочи со минатото. Тоа делумно успеа. Но она што секако не е постигнато е менување на свеста на луѓето - секоја етничка група се гледа еднострано во улога на жртва - во насока на реално согледување дека може, така да се каже, истовремено да се биде и извршител и жртва. Тоа согледување делумно го спречува и политиката, како што гледаме сега во Загреб, зашто на политиката ѝ се чини некако попогодно своите да ги гледа само како жртви, а извршителите секогаш да се на другата страна.

Што мора сега да направи меѓународната заедница за да се поддржи процесот на искрено сочување со минатото?

Ако сакаме поука од Хаг, посебно сега, кога последните трагични случувања за жал фрлија сенка врз сите пресуди, тогаш таа гласи дека сега, повеќе од дваесет години по ужасот, мора да се сфати оти само тие сами, само ние сами, сите кои бевме вклучени со сето тоа, на овој или оној начин, како жртва, како сторител, мора да зазееме една ссоема јасна позиција и сериозно треба да почнеме со соочување со минатото.

Многу политичари на највисоки фунцкии сѐ уште инсистираат на своите национални, етнички наративи, па на пример како Додик, дури одат толку далеку што ги поставуваат под знак прашање границите. Што мора да се направи?

По многугодишнен ангажман во регионот, уверен сум дека цртање нови карти, како што тоа своевремено го правеше и Туѓман, само води до натамошни трагедии. Мислам дека етничко-територијалното е само еден фактор, но тој не може да биде одлучувачки фактор за смирување на регионот. Напротив, верувам дека токму европската интеграција јасно става до знаење дека само во еден поголем простор може да се живее она што им е на сите заедничко, како економски, така и културно и во секој друг поглед.

Волфганг Петрич е австриски политичар кој беше специјален ополномоштеник на ЕУ за Косово (1997-1999) и Висок претставник на меѓународната заедница во БиХ (1999-2002)

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми