1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Историска личност на Косово

22 јануари 2006

Политичарите и граѓаните на Косово треба да го следат примерот на Ибрахим Ругова- порачаа светските лидери по веста за смртта на косовскиот претседател.

Фотографија: dpa - Bildfunk

САД изгубија голем пријател , Косово изгуби голем лидер – порача американскиот државен секретар Кондолиза рајс , изразувајќи жалење по повод смртта на претседателот на Косово Ибрахим Ругова .

„Тој го водеше својот народ низ тешки времиња и го заслужи почитувањето од светот поради одбраната на демократијата и мирот“ – истакна Рајс која потенцираше дека Вашингтон и натаму ќе вложува напори да успеат преговорите за Косово:

„ И покрај губитокот на лидерот , процесот ќе биде продолжен “ – истакнала Рајс .

И другите светки лидери ги повикаа косовските политичари да го сочуваат единството и да покажат одговорност по смртта на Ругова .

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан ирази жалење поради смртта на косовскиот претседател , повикувајќи ги притиоа косовските лидери да соработуваат со УНМИк и со специјалниот пратеник на Светската организација за преговорите за статусот на Косово , Марти Ахтисари .

„Смрта на Ибрахим Ругова , дојде во особено предизвикувачки момент за Косово“ – истакна пак високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ , Хавиер Солана , кој ги повика сите лидери на Косово во овој тежик мномент да искажат единство и одговорност“

Координаторот на пактот за стабилност за Југоисточна Европа , Ерхард Бузек во својата порака со изрази на сочуство потенцираше дека Ибрахим Ругова отсекогаш бил на страната на мирот .

Советот на Европа пак во својата порака ја нагласува историската лидерска улога на Ругова на Косово .

И во Австрија земјата што претседава со Европската Унија со жалење беше прифатена веста за смртта на Ибрахим Ругова . Шефот на димпломатијата Урсула Пласник во свое и во името на ЕУ им изрази сочуство на граѓаните на Косово , а канцеларот Волфганг Шисел нагласи дека Ругова со својата силна личност , ја одбележа политиката на југоисточна Европа.

Генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер , пак укажа дека починатиот косовски претседател Ибрахим Ругова беше противник на насилсството и изрази уверување дека неговиот пример и натаму ќе го води народот на Косово во овие важни моменти но и во иднина .

Определбата на Ругова за ненасилство и демократија ја истакнаа и , францускиот претседател Жак Ширак , министрите за надворешни работи на Италија и на Велика Британија , Џанфранко Фини и Џек Строу како и словачката дипломатија .

Во нивните пораки на сочуство , забележителна е едногласноста во повикот до косовските политичари и граѓани да го следат примерот на Ругова и да изградат мултиетничко општество и да покажат умереност и разум во претстојните преговори за идниот статус на Косово.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми