„Историска мисија„ на германска морнарица во Либан
21 септември 2006Осумте брода со околу 1.000 морнари денеска на пладне свечено ќе ги испрати министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг. И тој како и канцеларката Ангела Меркел ја означи мисијата на Бундесверот во Либан како „историска„.
Во интервјуто за ТВ програмата на ДВ, министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг појасни:
„Станува збор за придонес за обезбедувањето на мирот на Блискиот исток, но исто така и за обезбедување на правото на Израел на постоење, на суверенитетот на Либан, како и разрешување на конфликтот меѓу Израел и Палестина. Предуслов за сето тоа е оружјето да молчи и налогот на Бундесверот е токму во тоа. При тоа е важно што со оглед на историјата 72% од израелското население му дава поддршка на нашиот ангажман и тоа покажува колкава промена се случила. Во тој смисол овој ангажман на Бундесверот може да се оцени како историски!„
Јунг појаснува дека е тоа и главната причина зошто актуелната влада на Ангела Меркел се откажала од досегашниот темелен принцип германски војници да не се упатуваат на Блискиот исток.