Историска посета на Џон Кери на Хирошима
11 април 2016
Реклама
Џон Кери стана првиот американски државен секретар кој го посети градот што беше уништен во атомскиот напад во 1945 година, и им оддаде почит на жртвите. Околу 140 илјади Јапонци ги загубија животите во нападот на САД врз Хирошима.
„Секој треба да ја посети Хирошима. И под секој, навистина мислам на секој. Затоа се надевам дека еден ден претседателот на САД ќе биде меѓу оние кои дошле тука“, порача Кери.