Историска средба на Франциско и Бенедикт
23 март 2013Историска средба во Кастел Гандолфо (фото) - Бенедикт Шеснаесетти во папската летна резиденција го прими неговиот наследник, папата Франциско. Новиот папа беше пречекан со аплауз и извици на плоштадот во местото над езерото Албано. Бенедикт, кој се повлече од функцијата на 28 февруари, ќе живее во Кастел Гандолфо се‘ додека не се пресели во манастир во Ватикан.
Пред заедничкиот ручек, Франциско и Бенедикт, според најавата, имаат разговор во библиотеката на летната резиденција, но детали за темите нема. Ватикан нагласува дека средбата е приватна и нема да соопшти што се разговарало. Се вели само дека Бенедикт подготвил личен Меморандум за својот наследник, во кој наводно станува збро за повеќе кризни прашања, како аферата Ватиликс.
Хорхе Марио Берголио го познава Јозеф Рацингер долго време. Новиот папа повеќе пати откако стапи на функцијата му се заблагодари на Бенедикт Шесанесетти, а се вели и дека по Конклавата два пати му се јавил телефонски.