Историски поздрав на Обама и Кастро
10 декември 2013Реклама
Претседателот на САД Барак Обама денеска (10.12.2013) на комеморацијата за Нелсон Мандела во Јоханесбург се ракуваше со својот кубански колега Раул Кастро. Тоа е гест без преседан меѓу лидерите на двете земји, кои се во конфликт веќе половина век. Кастро му се насмевна на Обама кога се ракуваше со него, додека овој одеше кон подиумот за да одржи говор на комеморативната церемонија за поранешниот јужноафрикански претседател.
Американскиот претседател се ракуваше и со бразилската колешка Дилма Русеф, која остро го нападна за шпионирањето на американската Агенција за национална безбедност.