1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Историски успех и надеж за олимписки квалификации

26 јануари 2012

Македонските ракометари со евентуална победа утре (27.01.2012) во Белград против Словенија, ќе го освојат петтото место и ќе обезбедат учество во квалификациите за Летните Олимписки Игри во Лондон.

Фотографија: dapd

Македонската ракометна репрезентација ќе се бори за пласман на петтото место на Европското првенство, кое се игра во Србија, откако синоќа ја победи репрезентацијата домаќин со 22:19. Кире Лазаров со 10 постигнати голови беше предводник до големата победа со која е постигнат најголемиот успех во репрезентативниот ракомет.

Македонските ракометари имаа поддршка од преку 10 илјади гледачи кои отпатуваа во Белград да го проследат историскиот успех. Победата над Србија и пласманот меѓу првите шест места беше прославена на плоштадите низ државата. Македонскиот селектор Ѕвонко Шундовски беше задоволен од играта на високо што ја покажале репрезентатиците, впрочем као и на секој натпревар што го одигравме.

Фотографија: picture-alliance/Pixsell

"Ние дојдовме до шанса да се бориме за петтото место и за квалификации за Олимписките игри што е најголем успех во историјата на нашиот ракомет. Натпреварот против Словенија може многу да ни‘донесе“, изјави Шундовски на прес-конференцијата по средбата во белградската Арена.

Автор:СН/АМ/бета/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми