1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Историја во Преспа: Потпишан договорот за името

ЕМФ /агенции
17 јуни 2018

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска во Псарадес го потпишаа договорот за решавање на спорот за името.

Griechenland - Die beiden Außenminister Nikos Kotzias und Nikola Dimitrov vor Alexis Tsipras und Zozan Zaev
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis

„Горди сме на овој наш договор. Горди сме затоа што се обединивме околу решение на спор којшто нѐ делеше и избравме решение што нѐ обединува“, оцени денеска македонскиот премиер Зоран Заев на церемонијата на потпишување на договорот за решавање на спорот за името. Според него, Македонија и Грција би требало да го остават зад себе минатото и да се завртат кон иднината.

Потпишување на договорот за името во Преспа

04:10

This browser does not support the video element.

„Градиме пријателство со Грција. Ќе бидеме партнери и сојузници. Тие ќе бидат наши поддржувачи. Заедно трасираме пат за стратешко партнерство“, рече Заев во Псаридес, на грчката страна на Преспанското Езеро.

Неговиот колега Алексис Ципрас смета дека потпишувањето на договорот е „храбар, историски и неопходен чекор“ за граѓаните на двете земји.

„Овде сме да ги залечиме раните што ги остави времето, да отвориме пат за мир, братство и пораст за нашите земји“, потенцираше грчкиот премиер.

Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis

Договорот, потпишан од страна на шефовите на дипломатии на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас, како и медијаторот на ОН во спорот, Метју Нимиц, треба да стави крај на спорот кој трае четврт век. На церемонијата на потпишувањето во Псарадес присуствуваа и Потсекретарката за политички прашања на Обединетите нации, Розмари Ди Карло, Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми