1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Источна Европа: Демократските принципи во опасност

Томас Розер
2 јануари 2018

Во екс-социјалистичките држави во Источна и Југоисточна Европа правната држава сѐ повеќе е на удар - речиси три децении по падот на Железната завеса. Кои се причините?

Rumänien Bukarest Proteste Korruption Gesetz
Фотографија: picture-alliance/AP/V. Ghirda

ЕУ поведува санкциона постапка против Полска.  Во Романија десетици илјади луѓе протестираат поради урнисувањето на правната држава. Но, без оглед на протестите, владите, сеедно дали во Будимпешта, Букурешт или Варшава, продолжуваат да ја реализираат својата намера да го стават судството под своја контрола и да ја разводнат и загрозат поделбата на власта. На речиси три децении по падот на Железната завеса, се чини дека основните демократски принципи во Источна Европа се на надолница. 
Целта на овие влади е креирање судство под нивна капа. Владата во Романија посакува поголемо влијание врз државното обвинителство за да ги спречи истрагите за корупциски афери. Во Полска Министерството за правда може да сменува претседатели на судови по своја проценка и желба. Во Унгарија е направен длабок рез во надлежностите на Уставниот суд уште од донесувањето на новиот устав во 2011. година. Истовремено е скратена старосната граница за одење во пензија на судиите и обвинителите со цел да се овозможи промена на несаканите и непокорните државни службеници. 
„Победникот добива сѐ“, гласи основното мото на многумина моќници или поинаку кажано - мнозинството може да жари и да пали како сака. Контролните органи како омбудсманите, специјалните ополномоштеници за заштита на податоците или јавните совети во медиумите се негирани или пополнувани со верни владини следбеници. На опозицијата во нужен случај ѝ се исклучуваат микрофоните, ѝ се ограничува пристапот во државно контролираните медиуми. 

Протести за независно судство во ПолскаФотографија: Reuters/Agencja Gazeta/J. Rusek

Постои ли слобода на медиумите и мислењето? 

Тешко. Седно дали се во прашање на пример ЕУ-претендентите Црна Гора и Србија или членките на ЕУ Бугарија, Полска и Унгарија - сенката и контролата на власта одамна е надвисната не само над јавните радио и ТВ сервиси и државни новински агенции. И онака ослабените медиуми се држат во подредена положба и зависност од државата преку државни реклами, преку доделувањето лиценци и преземање од страна на инвеститори блиски на власта на претходно опозициски новинарски куќи. Од насловните страници исчезнуваат зајадливите карикатури, од киосците ги снемува квалитетните весници, на телевизиските екрани веќе не се појавуваат критички репортери, а од етерот испаруваат непријатните емисии. 

Повеќе на темата: 

Полска не заслужи повеќе шанси

Миграцијата предизвикува раскол во ЕУ

(Не)возможната мисија на Моравјецки

Каква е заштитата на малцинствата? 

Бегалците, но и националните малцинства во државите на Источна и Југоисточна Европа немаат лесна положба. Унгарската влада дури, заради покачување на својата популарност, редовно организира целни ПР-кампањи против несаканите мигранти. Како најголемо малцинство, Ромите во целиот регион се изложени на отворена дискриминација. Најтешки последици од војните во екс-Југославија чувствуваат одделните малцинства во земјите -наследнички: Албанците или муслиманските Бошњаци во Србија се жалат во подеднаква мерка како и Србите во Хрватска или Косово. 
Дали се екс-југословенските држави исклучок во трендот во Европа? 

Да  и не. „Секој има свој Вилдерс“, констатира хрватската писателка Дубравка Угрешиќ. Неспорно е дека во цела Европа популистичките партии доживуваат подем и сѐ почесто, како сега во Австрија, продираат и во владите. 
Но, источноевропска специфичност се многу силните владејачки партии и многу слабите државни институции. Во преовладувачки број случаи до работно место и раководна позиција се стигнува исклучиво со партиска книшка, а стручните квалификации се во заден план. Кај некои властодршци произнесувањето за основните демократски вредности е само од декларативен карактер, а некои ги карактеризира болшевички стремеж кон апсолутистичко владеење. 
Сликата не е хомогена, но и кај деснопопулистичките екс-дисиденти како унгарскиот премиер Виктор Орбан или постокомунистичките наследници на романскиот поранешен автократ Николае Чаушеску, безусловната желба за апсолутна власт се чини, барем несвесно, влече корени и се храни и од политичкото социјализирање  во еднопартиските држави. Дури и благонаклонетиот сателитски поглед кон Големиот брат во Кремљ, кај борците за слобода, мутирани во ЕУ-скептичари, повторно стана популарен. 

Орбан може да се потпре на поддршката на сестринските партииФотографија: Reuters/D. Pignatelli


Каква е реакцијата на ЕУ? 
На континуираните прекршувања на ЕУ-принципите од страна на Будимпешта и Варшава  Брисел реагира како навредено-загрижен, но преоптоварен учител: комбинација на попрво беспомошни револтирани предупредувања и на долг рок развлечени казнени санкции. Најголемата казна која сега ѝ се заканува на Полска во форма на губесе право на глас во ЕУ, Брисел тешко може да ја спроведе. Од еднастрана, две проблематични членки на ЕУ можат да бидат сигурни во нивната меѓусебна помош за вето. Од другастрана, Орбан и натаму се потпира на поддршката на конзервативните партнерски партии од Европската народна партија. Секој кој еднаш веќе ќе се најде во ЕУ, има малку причини да стравува, гласи логичниот заклучок во Варшава и Будимпешта. Донекаде јако, но не и доследно, ЕУ настапува во нејзината чекалница. Политичките размислувања околу тоа како да се ограничи влијанието на Москва, се чини ги обликуваат опортунистичките односи на ЕУ со земјите-кандидати, а не полемиките за европските вредности. 
Како реагира населението на овие земји? 
Наклоноста кон силен поединец и прилично авторитарните сфаќања на политиката и натаму се цврсто вкоренети во источниот и југоисточниот дел од Европа. Можните двигатели на политички промени, урбаната интелигенција и младите образовани кадри се ослабени од емиграцијата. Се чини дека бројот млади Бугари, Хрвати и Унгарци кои својата професионална среќа сакаат да ја пробаат на Запад, секојдневно расте, а не се намалува. 
Постои ли надеж за промена на ваквиот развој? 
Демократскиот дух на промените од 1989. година во источна Европа сосем исчезна, иако Полска или Словачка денес имаат стапка на развој која не им изгледаше можна во времето на нивното пристапување кон ЕУ во 2004. година. Мачното натегање околу планираното „припитомување“ на романското правосудство и масовните демонстрации од почетокот на годината исто така укажуваат на тоа дека многумина Романци веќе не сакаат враќање на силните партии и корупцијата од текот на 90-те и 2000-те години. 
 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми