1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Истражна Комисија за Косово сеуште нема да се формира

29 септември 2004

И по второто излагање на германскиот министерот за одбрана Претер Штрук пред комисијата за одбрана на Бундестагот, овојпат на затворена седница, опозицијата и натаму смета дека е потребно дополнително расветлување на случајот со Бундесверот на Косово.

Војник на Бундесверот на Косово
Војник на Бундесверот на КосовоФотографија: AP

Оспоруваниот ангажман на Бундесверот за време на косовските немири од март годинава нема да повлече формирање на истражна комисија. Партиите во опозцијата денеска во Бундестагот сепак побараа формирање на посебна група која ќе ги испита случувањата и во рок од три месеци ќе поднесе извештај. Доколку по овој период сеуште постојат празнини, или владеачките СПД и Залените го одбијат гремиумот, ќе се формира истражна комисија рече портпаролот за одбрамбено политички прашања на Унијата, Кристијан Шмит.

Министерот за одбрана на Германија Петер Штрук повтори дека неможе да си престави дека би имало смисла, да се формира истражна комисија. “ Од мој аспект нема причина за ова бидејќи сите прашања се разјаснети.” рече Штрук. Тој уште дополни дека се извлечени консеквенции од грешките. Подобрена е комуникацијата меѓу полицијата на ОН и безбедносните сили на НАТО државите како и обуката и опременоста на германските војници.

Според експертот за одбрана пак Шмит, во Косово имало застрашувачки недостатоици при ангажманот на Бундесверот. “ Митот” дека германските војници се оптимално обучени и опремени за ангажман во странство е срушен.

Ангажманот на Бундесверот на Косово наиде на критика откако се обелодени информацијата дека при немирите на Косово од март годинава во секторот за кој е одговорен Бундесверот бил убиен Србин.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми