1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Образование

Истражување: Секој трет млад човек сака да се исели

ДТЗ
11 мај 2022

Младите се незадоволни од образованието, не гледаат можности за развој, ниту за отворање на сопствен бизнис. Излезот го гледаат надвор од земјата.

Immigration Menschen Koffer Ausreise Reise Symbolbild
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Wolf

Речиси секој трет млад човек сака да се исели од Северна Македонија. Најголема желба да се отселат имаат младите од Источниот регион, а најмала од Полошкиот. Причина за тоа е незадоволството од образовниот систем и недостигот на практична настава. Младите сметаат дека квалитетот на живеење може да се подобри преку доброто образование, можностите за вработување и намалување на корупцијата. Ова го покажува истражувањето на Агенцијата за млади и спорт спроведено во периодот од јануари до март 2022 година на ниво на државата. Во истражувањето учествувале 1.200 испитаници. Целта била да се создаде слика за ставовите, перцепциите и очекувањата на младите луѓе во државата. 

Корупцијата е најголем проблем 

Младите, коишто биле анкетирани, сметаат дека корупцијата постои секаде и од неа зависат сите области. „Кога би се намалила корупцијата лесно би можеле да се запишеме на факултет, да се вработиме според струката, но и да живееме во почист град“, вели еден од испитаниците.  

Резултатите од истражувањето покажуваат дека 68,4 проценти од анкетираните имаат негативен став кон образованието, а речиси 30 проценти проблемот го гледаат во наставниот кадар, за кој сметаат дека е неквалификуван и незаинтересиран.  

-повеќе на темата: Две третини од младите со една нога се надвор од државата - чекаат само шанса да заминат

Според податоците, 30 проценти од младите испитаници сметаат дека немаат доволно можности за развој во државава, додека 33,3 отсто имаат желба за развивање сопствен бизнис, но немаат доволно можности за тоа. За 24,4 отсто од испитанциите излезот е да се бара работа во странство, а 23,3 проценти од младите приватниот сектор го гледаат како најдобра опција за вработување.   

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми